Кавадарци со помош за настраданите од поплавите

“Кавадарци донира за Македонија“ е слоганот по кој се води денешната хуманитарна акција на градскиот плоштад во Кавадарци со цел да му се помогне на настраданото население од поплавените региони во Македонија.

Од Црвен Крст Кавадарци апелираат донациите во вода, средства за хигиена и конзервирана храна граѓаните може да ги остават на централниот пункт на градскиот плоштад во Кавадарци или во просториите на општинската организација на Црвениот Крст на Кавадарци во периодот од 10 до 15 часот. 

Кон оваа акција се приклучени здруженија на граѓани, невладини организации, навивачката група „Лозари како и локалната самоуправа.

Сите граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош преку телефонските броеви коишто се ставени на располагање на ONE, T-mobile, и VIP: 075/ 070/077/143-400

 

Оставете коментар