Кавадарчани и понатаму дишат загаден воздух, надлежните “дремат”

Состојбата на воздухот може да се види на страницата на Министерството за животна средина: http://airquality.moepp.gov.mk. На истоимената страна ќе видете натпис кој ве советува како да постапите: Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (5 последователни дена со среднодневни концентрации над 50 mg/m3) се препорачува:

• Да се користи јавниот превоз
• Возила да не се користат без поголема потреба
• Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
• Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
• Правилно да се користат печките за дрва.

Додека од Министерството за Здраство како и Институтот за Јавно Здравје, граѓаните ќе ги добијат следните препораки: Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Во следната табела можат да се видат состојбите од мерењата каде што има пминување на дозволената концентрација на загаденоста на воздухот на ден 15.01. 2015 година.

Станица Последно надминување Концентрација (µg/m3) Вкупен број Дозволен број
Центар 2015-01-14 194.8 10 35
Карпош 2015-01-08 223.0 6 35
Лисиче 2015-01-14 356.0 12 35
Гази Баба 2015-01-14 303.0 12 35
Ректорат 2015-01-14 242.7 9 35
Миладиновци 2015-01-14 116.8 9 35
Мршевци 0 35
Битола 1 2015-01-14 165.8 3 35
Битола 2 2015-01-14 312.3 3 35
Кичево 2015-01-14 274.2 14 35
Лазарополе 0 35
Тетово 2015-01-14 477.0 14 35
Велес 1 0 35
Велес 2 2015-01-14 139.3 10 35
Кочани 2015-01-14 116.2 11 35
Кавадарци 2015-01-14 222.6 12 35
Куманово 0 35

  

Граничните вредности се најстрогите правила во законодавството на ЕУ за нивоата на загадување на воздухот. При надминување на граничните вредности, властите се должни да дефинираат мерки за намалување на концентрациите на загадувачката супстанција. Најважните гранични вредности за заштита на здравјето се вредностите зададени за концентрациите на суспендираните честички и азот диоксидот.

Табелата за Граничните редности изгледа вака:

Загадувачки супстанции Период на впросечување Гранични вредности Дозволен број на надминувања годишно Датум до кога треба да се достигне граничната вредност
Сулфур диоксид
SO2

1 час

24 часа

350 µg/m3

125 µg/m3

24

3

2012

Азот диоксид

NO2

1 час

1 година

200 µg/m3

40 µg/m3

18

2012

Суспендирани честички со големина помала од 10 µm

PM10

24 часа

1 година

50 µg/m3

40 µg/m3

35

2012

Суспендирани честички со големина помала од 2.5 µm

PM2.5

1 година

25 µg/m3

20 µg/m3

2020

2025

Олово

Pb

1 година 0.5 µg/m3 2012

Бензен

C6H6

1 година 5 µg/m3 2012

Јаглерод моноксид

CO

Максимална дневна 8 часовна средна вредност 10 mg/m3 2012

 

Критични нивоа за заштита на вегетацијата

Загадувачка супстанција Период на впросечување Гранични вредности

Сулфур диоксид

SO2

1 година

Зимски период

20 µg/m3

Азотни оксиди

NOx

1 година 40 µg/m3

Граѓаните се загрижени за состојбата со квалитетот на воздухот. Тие апелираат до надлежните органи да ја откријат причината за загадување на воздухот и да се превземат потребните мерки за заштита на воздухот а со тоа и заштита на здравјето на граѓаните.

Оставете коментар