(Видео) Кавадарчани едногласни: Спортските терени за спортистите и рекреативците

Оваа иницијатива промовира користење на организирани форми на ненасилен „Отпор“ кои би помогнале за решавање на проблемот за враќање на основната општествена цел на единствените кошаркарските терени при спортскиот центар “Јасмин”, како и почнување на иницијатива за изградба на полигон за вежбање и полагање на возачи.

Досега, како примарни акции кои би помогнале во детектирање, освестување и аргументирање на целта – Спортските терени се за спорт и рекреација, а не за автомобили – , Здружението “Проект-ЕУ” реализираше низа акции: прес-конференција; мини-работилница за изработка на флаери; расфрлање на флаери; тркалезна маса; Разговори со засегнатите страни (советници во Совет на Општина Кавадарци, спортски работници, кошаркари, граѓани, сопственици на авто-школи, менаџментот на ЈП “Јасмин“); снимање на видео материјал за поддршка на иницијативата со угледни граѓани од Кавадарци.

Иницијативата не запира тука. Периодот кој следува ќе бидат сменети три кошаркарски табли и четири обрачи на кошаркарските терени при спортската сала “Јасмин“. Оваа работна акција ќе биде во партнерство и соработка со менаџментот на јавното претпријатие спортска сала Јасмин.

Оставете коментар