Каратистите на Урбан-Инвест со нови медали од државното првенство

На 10 – 11 мај 2014 година, во Спортската сала Јасмин – Кавадарци, се одржа Награден турнир за кати за натпреварувачи родени 2004-2006 година и Државно првенство за натпреварувачи од 11-14 години. На натпреварот учество земаа околу 400 натпреварувачи од 53 клубови од Македонија. Натпреварот е во организација на Карате федерацијата на Македонија а домаќин на натпреварот беше КК Урбан Инвест – Кавадарци. Од КК Урбан Инвест учествуваа следните натпреварувачи: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова, Миа Маневска, Петар Аврамов, Кристијан Стојев, Томе Ѓондев, Филип Гурев, Александар Стојков, Тамара Манева, Јована Манева, Данка Стојкова, Цветанка Стојева, Анастазија Ристов, Марија Трајкова, Мелани Богева, Моника Коцх, Кристина Тодорова, Марија Ѓорѓиева, Блаже Коневски, Игор Јовков.

Постигнати резултати:
Награден турнир за деца:
Златен медал
1. Петар Аврамов – категорија машки родени 2004 година
Бронзени медали:
1. Ката тим 2004/2006 во состав: Петар Аврамов, Томе Ѓондев и Кристијан Стојев
1. Ката тим 2004/2006 во состав: Данка Стојкова, Цветанка Стојева и Јована Манева.

Државно првенство за натпреварувачи од 11-14 години
Златни медали:
1. Владанка Аврамова – кати поединечно 2002 година
2. Ката тим 2002/2003 години во состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска.
Сребрен медал:
1. Ивона Муфтарова – кати поединечно 2002 година

Бронзен медал:
1. Моника Коцх – кати поединечно 2001 година
Државното првенство за натпреварувачи од 11-14 години воедно беше и изборно за Балканско првенство што ќе се одржи на 14-15 јуни 2014 година во Истанбул – Турција.

Пласман за настап на Балканско првенство остварија: Владанка, Ивона, Миа и Моника во поединечна конкуренција и ката тимот во екипна категорија.

Извор karatekluburbaninvest.com.mk

Оставете коментар