Kако успешно да одгледате кактус

Кактусот е една од најпопуларните билки во нашите домови – дури и почетниците можат да се грижат за него, а секогаш изгледаат атрактивно. Особено кага повеќе нив се на едно место.
Со оглед на тоа дека кактусите главно ги врзуваме за соначни пустини во Мексико и САД, лесно е да се претера со количеството светлина на кое се изложени.

На кактусите секако им треба светлина за да растат, но треба да се внимава да не бидат изложени директно на сонце цел ден. Тоа ќе предизвика стеснување на одредени делови на кактусот кои се најмногу изложени. Идеална позиција би била прозорец или место каде има многу светлина, но и сонце само во умерени количества. Иако во принцип кактусите не бараат многу нега, нивното занемарување нема да доведе до успех.
Спротивно на вреженото мислење, на кактусите им треба вода, но тие мора да се залеваат на посебен начин. Кактусот се залева само во случаеви кога земјата е сосема сува и почнува да “пука“. 

Зиме е доволно кактусот да се залее еднаш во месец дена, а во лето по потреба, зависно од позицијита, но главном не почесто од еднаш неделно по малку ако температурата е многу висока. Најсигурно е со прстите да ја разгрнете земјата и да видите дали е сува или влажна. Прекумерното залевање може да доведе до гниење. Залевањето зависи и од садот во кој билката се наоѓа.

Убави глинени садови се добри за почетници затоа што ја апсорбираат водата, но се нешто поскапи и погодни за создавање алги.
Пластичните садови се пак ефтини, лесни, на нив не се развиваат алги затоа што се мазни, аама не можат да го апсорбираат вишкот вода. Особено мешавината земја за кактуси која содржи повеќе глина и песок, исто така ќе помогне вашето растение подобро да расте, но и на кактусот му теба прихранување.

Што се однесува до пресадувањето кактуси, добро е тоа да се обавува еднаш годишно или кога е видливо дека постојниот сад за цвеќе веќе станал премал (кај поголемите кактуси тоа значи секои 2-3 години).
Најдобро вриеме за пресадување е пролет, а пред самото пресадување добро е да се подготват сите потребни материјали, ама и цврсти, дебели ракавици па и картонска трака со која ќе се опфати кактусот и ќе се спречи да не боцне.

 

 

Оставете коментар