Kако главните градови ги добиле имињата

Барцелона – еден од најубавите градови на денешницата своето име му го должи на картагинскиот генерал Хамилкар кој и го основал, татко на познатиот Ханибал кој скоро десет години го тероризирал Рим и цела Италија. Нивното фамилијарно име е Барка, што доаѓа од пунскиот збор за молња.

Берлин – и покрај тоа што германската народна традиција вели дека името доаѓа од германскиот збор ‘БАР’ што значи ‘мечка’ (која е и симбол на Берлин), всушност името доаѓа од словенскиот збор за мочвара – ‘berl’.

Букурешт – името на романскиот главен град, кој често се нарекува и ‘Париз на истокот’, доаѓа од Букура, легендарна личност која во зависност од легендите била принц, разбојник, рибар или ловец, а можеби и се заедно. Во романскиот јазик, ‘букурија’ значи среќа.

Манчестер – родниот град на на најпознатите фудбалски клубови првобитно се нарекувал Мамуцио и е од келтско потекло. Денешното име доаѓа од називот Мамецеастре и е сложенка од зборовите ‘mamm’ што значи дојка или ‘брдо во облик на дојка’, и ‘ceastre’ што означува римски град. 

Ливерпул – местото каде се наоѓа еден од најголемите храмови на фудбалот и кое е дом на една од најважните британски луки. И овој град има сложено име од два збора: староанглискиот ‘lifer’ што значи ‘дебела вода’ и ‘pool’ што значи ‘базен’. Ова е референца за плимскиот поток кој веќе не постои.

Стокхолм – величенствената шведска престолнина името го должи на комбинацијата од зборовите ‘stak’ што значи ‘залив’ и зборот ‘holm’ што значи ‘остров’.

Копенхаген – најголемиот град во Скандинавија буквално значи ‘трговска лука’, од данскиот збор ‘kober’ – трговец или купувач, и ‘havn’ – лука, пристаниште.

Истанбул – бисерот на Босфор името го должи на турската примена на грчката фраза ‘eis tan polin’ што значи ‘во град’. Ако ве интересира зошто баш оваа фраза, одговорот е едноставен: Константинопол бил во таа мера поразвиен од сите останати градови на светот што Грците едноставно го нарекувале Град, па поради тоа ‘оделе во Град’.

Хамбург – најголемото Германско пристаниште и едно од најголемите во светот името го добил од комбинацијата на старовисокогермански зборови ‘hamma’ што значи ‘бут, заден дел од коленото’ а во преносно значење ‘свитканост, извиеност, агол’, што е референца за неговата локација која е на свиокот од реката. Втората и помалку веројатна хипотеза вели дека името доаѓа од средногерманскиот збор ‘hamme’ што значи ‘затворен простор од пасиштето’. Другиот дел од името, ‘burg’ означува ‘тврдина’.

Дрезден – најубавиот град во источна Германија е словенска населба од средниот век а името доаѓа од ‘drežđany’ што значи ‘луѓе од шума’.

Париз – градот на светлоста во античките времиња се нарекувал Лутеција Парисорум, а во покасната империја и Парисил. Првобитно бил населба на галското племе Париза, кој направиле од населбата своја престолнина. 

Марсеј – француското пристаниште на југот од каде тргнал грофот Монте Кристо на своето патешествие некогаш се нарекувало масилија и своето име најверојатно му го должи на лигурискиот збор за пролет – ‘mas’.

Сплит – потеклото на името на овој град се изведува од билката позната како метла кај нас која расте околу градот во изобилие, а која на грчки се нарекува ‘aspalatos / spalatos’. Во средниот век градот се нарекува Спалатум, што е кованица од ‘spalato’ и е референца за палатата на Диоклецијан која е сржта на овој град.

Милано – светската престолнина на модата во античките времиња се нарекувала Медиоланум, од галскиот збор ‘medios’ што значи ‘помеѓу’ и ‘lanu’ што означува ‘рамнина’, поради својата локација во долината на реката По. Ова подоцна се искривува во Милано. 

Лондон – латинското име за престолнината над која никогаш не заоѓало сонцето, Лондиниум, обично етимолочки се објаснува како ‘место кое му припаѓа на човекот по име Лондинос’, но ова е отфрлено а не е дадено ниту едно друго објаснување.

 

 

 

Оставете коментар