Како функционираат Скандинавските градинки

Градоначалничката на мало место во Норвешка – Бергена Труде Древланд ќе ја пресече свечената лента во градинката и официјално ќе отвори Дизниленд меѓу норвешките ридови, пишува новинарката и блогерка Светлана Танурџиќ од Нови Сад која сега со семејството живее во Норвешка. Еве ја нејзината приказна.

Не си ги ни собрав мислите. Веднаш откако негователката Кирстен ми го спомна ова прашав на кој канал ќе биде емитувана веста. Нема да доаѓаат новинари. Тоа е банална вест. Што е илјада квадрати комплетно опремени наспроти здравиот разум. Се засрамив. Само кај нас за половина лопата песок се излегува на терен. Па чопор новинари, фоторепортери, сниматели околу три грама мозок во мафијашко одело за цемент кој го финансираат граѓаните. Отворањето на градинката се следи уште од камен темелникот (барем кај нас). Ма од самата идеа. Па десет години до реализацијата. И пак од нашите пари …

Норвешка, генерално Скандинавија, во градинките нуди сместување слично на она кое и кај нас постоеше пред 30, 40 години. Нема тоа врска со парите. Успехот е во директна врска со здравиот разум. И традиционалните методи кои се покажале како одлични. Зошто да се менуваат? Не сум педагог. Мајка сум.

Вратата на нашата Валхеим градинка е отворена за децата од 7.30 до 16.30 и родителите одлучуваат кога ќе го донесат и кога ќе дојдат по него. Може покасно, може порано. Мојот син доручкува дома, па во градинката стигнуваме околу 9. Во неговата група – јасли има девет деца, воспитачка и три негователки. Секоја негователка се грижи за три, а воспитачката е задолжена за комплетна организација на активностите. Од 9 до 11 децата се на претстава, во музичката соба или во дворот. Сите играчки можат да се изнесат надвор, иако во дворот веќе има лулашки, песок, велосипеди, милион чудесии. Од 11 до 11.30 е оброкот кој се служи во градинката. Само во петок има готвена храна, во останатите денови има пецива, млечни производи, овесен леб, кисело млеко … Ротираат и измислуваат. Во петок се прави ручек со мени. Главно служат риба во милион варијации.

Најмладата група во градинката спие, додека постарите од 3 години не спијат повеќе. Најмладите спијат давор. Без оглед на годишното време. Негователката едно по едно дете го пакува во скафандер и го сместува во количката. Потоа ја покрива количката со мрежа против инсекти и ги вози додека не заспијат. Количката ја паркира покрај големите прозори од просторијата на нивната група, и ги остава едно по едно да спијат колку сакаат. Ова е рутина цела година. И кога има дожд, и кога е ладно. Тогаш наместо мрежи за инсекти се навлекуваат прекривач за дожд, и се обезбедува дополнително ќебе. Велат дека сите деца ја обожаваат оваа дремка. Дури и оние кои не се навикнати да спијат во количка. Полека и заедно. Без драми.

После дремката, децата имаат различни активности. Ја полеваат градината, хранат жаби, читаат, пеат, или скокаат во собата со топки. Од 14.30 се служи свежо овошје или зеленчук, а после излегуваат надвор во дворот каде ги чекаат родителите. Пред одењето дома, секое дете е задолжено да ги врати играчките на место. Групата се изведува во прошетка во близина на градинката, и во центарот на градот … секако, родителите потпишуваат согласност.

На зидот се залепени колажи во облик на куќички и секое дете има своја. На колажите има слики од мама, тато, баба и дедо, домашните миленичиња … Она на што детето се радува. Ако дојде до криза, негователките со помош на тие колажи ја смируваат ситуацијата. На секоја и мала работа е напишано името на сопственикот. Ако се изгуби, се може да се пронајде во корпата изгубено – најдено. На влезот има пиши – бриши табли со сите информации за вашето дете за тој ден. Колку јадело и колку спиело. Негователките ги известуваат родителите за се, а дополнително родителите добиваат мал пакет со планот на активности за идниот ден. Не забрануваат ни цуцли, ни пелени, додека детето само не се откаже од нив. Но ги водат и во постарите групи, па по пример на поголемите, и тие сами присвојуваат поинакви навики.

Наслушнав и некој разговор дека нашите градинки повеќе не ги водат децата надвор. Дека глувици окупирале една градинка минатата година. Дека ги повикуваат родителите да дојдат по своето дете после два часа затоа што плачело.

Се е полудено, но зошто и децата да го трпат општото лудило. Не е можно да нема пари за нова голема градинка, за повеќе персонал. Зар е можно една воспитачка и две негователки да водат група од 30 деца. Родителите да држат предавања. Да се уморни и воспитачките и мајките, од констатен страв за сигурноста на своето дете.

Градинката не е обврска, туку должност на секое општество. И парите немаат врска со здравиот разум кога станува збор за децата. Ним им треба само љубов, грижа и посветеност. Зошто им е ускратена прашината надвор?! Па барем тоа е бесплатно.

 

 

 

 

Leave a Reply