Како до впечатливо CV и без работно искуство?

Како секое сиви па така и вашето мора да биде во согласност со работата која сакате да стане ваша и да ги вклучува оние способности кои се потребни.

За почеток, поради недостатокот на работното искуство, осврнете се на вашите способности, вештини и позитивни страни. Тоа може да биде широк спектар на лични квалитети како организациски способности, комуникациски вештини и работа со луѓе.

Кога ќе ги наведете сите овие способности би требало истите да ги зајакнете со одредени примери или ситуации во кои сте ги покажале или дури и сте ги извежбале или научиле. Наведете ги сите семинари или курсеви кои сте ги посетиле, волонтирале или било какви специфични активности со кои сте ги практикувале во текот на школувањето.

Конечно, во ваквите биографии многу е важно да го нагласите вашето образование. Бидете прецизни и нагласете ги деталите кои се потребни за одредената работна позиција. Исто така, истакнете ги и предностите и сите дополнителни квалификации кои ги поседувате.

Не се разочарувајте доколку веднаш вашиот труд не роди плод, но најважно е да бидете упорни и да не се откажувате.

 

 

Оставете коментар