Kаде грешиме при уредување на домот

Премногу работи во една просторија
Можеби имате премногу украси и работи кои ги имате соберено во текот на годините за кои сте сметале дека ќе изгледаат совршено во вашиот дом. Но колку и да ви се допаѓа сето тоа вам, имајте предвид дека никој не се чувствува пријатно во „пренатрупана“ просторија. Само неколку интересни предмети би биле доволни.

Ѕидовите и мебелот се во иста боја
Само затоа што ѕидовите се во одредена боја не значи дека целиот останат мебел треба да биде во истата боја. Потребно е да внесете малку контраст во просторијата. Ако ѕидовите во просторијата се во светли тонови, тогаш мебелот може да биде во малку потемни нијанси.

Прилепениот мебел до ѕид
Ова е најчеста грешка при уредувањето на домот бидејќи најчесто луѓето ормарите и мебелот го прилепуваат за ѕидот. Тоа визуелно ја нарушува отвореноста на просторијата. Креветот или аголната гарнитура ќе изгледаат поинтересно во средината на собата отколку прилепени за ѕидот. На тој начин тој ќе изгледа послободно и на него ќе може да закачите некои украси.

Бели ѕидови
Најчесто луѓето се одлучуваат за бела боја на ѕидовите, но тоа немора да биде така. Доколку на нив им додадете малку боја тие ќе изгледаат освежувачки. Одредени ѕидови може да останат бели, но препорачливо е да ги нема многу. Доколку преферирате тапети, немојте сите ѕидови да ги облепите со истите. Така ќе ја „загушите“ просторијата.

Следењето на трендовите
Само заради тоа што во одредени списанија за уредување на просторот се препорачува одреден тренд, не значи дека вие мора да го следите или дека истиот ќе одговара на вашата просторија.

 

 

Оставете коментар