Јас сум две со природата

2. Сексот без љубов е безначајно искуство, ама како за безначајно искуство е многу добар.

3. Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги твоите планови.

4. Верувам дека таму некаде има нешто што нѐ гледа. За жал, тоа е владата.

5. Бисексуалнoста веднаш ти ги зголемува шансите за состанок во сабота навечер.

6. Осумдесет проценти од успехот е да се појавиш.

7. Во мојата куќа јас сум шефот, а жена ми само ги носи одлуките.

8. Посетував курс за брзо читање и ја прочитав „Војна и мир“ за дваесет минути. Се спомнува Русија.

9. Изгледа дека светот е поделен на добри и лоши луѓе. Добрите спијат подобро, додека лошите повеќе уживаат кога ќе се разбудат.

10. Во животот има и полоши работи од смртта. Дали некогаш сте поминале вечер со агент за осигурување?

11. Што ако сѐ е илузија и ништо не постои? Во тој случај, дефинитинвно прескапо го платив килимот.

12. Ах, кога Господ би ми дал некаков јасен знак! На пример, да стави голема сума пари на мое име во некоја швајцарска банка.

13. Всушност, жена ми е незрела. Кога седам дома во кадата доаѓа и ми ги потонува бротчињата.

14. Јас сум многу добар љубовник, затоа што многу вежбам кога сум сам.

15. За вас сум атеист; за господ, јас сум лојална опозиција.

16. Бракот е смрт на надежта.

17. Многу сум горд на златниот џебен часовник. Дедо ми, кога умираше, ми го продаде.

18. Времето е начин на кој природата спречува сѐ да се случи одеднаш.

19. Животот не ја имитира уметноста, ја имитира лошата телевизија.

20. Во најголем дел од времето не се забавувам многу. Во остатокот, не се забавувам воопшто.

21. Ако моите филмови не прават профит, знам дека сум направил нешто како што треба.

22. Не верувам во живот по смртта, иако си носам резервна долна облека.

23. Во Калифорнија не го фрлаат ѓубрето. Од него прават телевизиско шоу.

24. Никогаш не сум бил интелектуалец, ама така изледам.

25. Имам лоши рефлекси. Еднаш ме прегази кола што ја туркаа двајца луѓе.

26. Ако моите филмови направат уште еден човек да се чувствува мизерно, имам чувство дека сум си ја завршил работата.

27. Човекот е составен од два дела, неговиот ум и неговото тело, само што телото повеќе се забавува.

28. Кога ме киднапираа, моите родители веднаш стапија во акција. Ја изнајмија мојата соба.

29. Мислам дека родителите не ме сакаа многу. Ми ставаа живо мече во креветчето.

30. Традицијата е илузија за постојаност.

31. Сега за сега е само белешка, ама мислам дека можам да најдам пари да ја направам концепт, а потоа да ја претворам во идеја.

32. Гледано од позитивната страна, смртта е една од ретките работи што може да ги направиш лежејќи.

33. Јас сум две со природата.

34. Не можам да го слушам Вагнер толку многу. Добивам нагон да ја освојам Полска.

35. Ме исфрлија од факултет затоа што мамев на испитот по метафизика; ѕирнав во душата на момчето што седеше до мене.

36. Интересно, според модерните астрономи вселената е конечна. Ова е многу утешна информација, особено за луѓето кои не можат да се сетат каде ги оставиле работите.

37. Не само што нема Господ, туку пробај да најдеш водоводџија за викенд.

38. Љубовта е одговорот… но, додека го чекаш одговорот, сексот покренува многу интересни прашања.

39. Ако постои реинкарнација, би сакал да се вратам како врвовите на прстите на Памела Андерсон.

40. Не го знам прашањето, но сексот дефинитино е одговорот.

41. Самодовербата е тоа што го имаш пред да го разбереш проблемот.

42. Сексот помеѓу двајца е убава работа: помеѓу петмина е фантастична.

43. Животот е како концентрационен логор. Не може да заминеш без да умреш.

44. Не влегов во шаховската екипа поради мојата височина.

45. Седењето во гаража те прави автомобил колку што седењето во црква те прави христијанин.

46. Не сум анти-социјален. Само не сум социјален.

47. Господ е тивок. Само кога човекот би замолчил!

48. Можам да направам птиците да левитираат. Но никому не му е гајле.

49. Ја мразам ралноста, но таа сѐ уште е најдоброто место да најдеш добро парче стек.

50. Работев со Фројд во Виена. Се скаравме околу концептот на завист поради пенисот. Тој мислеше дека треба да го ограничиме само на жените.

(превземено од пријателскиот сајт ОКНО.МК)

Оставете коментар