Јанкулоска и Мијалков го претворија МВР во дувло на партиски послушници

Прв пат се согласувам со Груевски. Имено тој вели дека Јанкуловска и Мијалков ќе бидат запишани во учебниците од кои ќе учат идните полицајци и криминалисти.

Јанкулоска и Мијалков го претворија МВР во дувло на партиски послушници и разни пробисвети со криминално минато. Притворија со кривични пријави стотици луѓе кои на почетокот беа во судски постапки ослободувани, а покасно невини осудувани. Јанкулоска и Мијалков станаа личности чие име граѓаните со страв го изговараа, а многумина им се восхитуваа и ги величеа.

Морам да признам дека врз ваквиот стил на работа го препознавам печатот на “НЕРАДНИКОТ”, човекот што уште поодамна во МВР произведе цела генерација неранимајковци кои што направија кариери. Познати се неговите акции на откривање на дрога (катран) кои го “откриваа” со нудење на големи суми од страна на неговите соработници на пропаднати личности или осиромашени луѓе и спектакуларно ги апсеа и после тоа правеа невидени прослави по познати кафеани. Тој истиот (кога се образувавме основа ни беше превентивата) назначуваше старешински кадар и веднаш го ставаше под посебни истражни мерки. Апсеше луѓе за примено мито од 5 евра, а во исто време носеше часовници од 25000 евра поклонети од криминалци, се нафатира за пет генерации унапред и сега ќе држи предавања на идни студенти.

Токму затоа овие типови и уште неколку други кои продефилираа годиниве низ МВР од разни провиненции ќе влезат во учебницте како лош пример во работењето на МВР, кои ги погазија сите принципи и правила врз кои почиваше нашето образование, заради лично богатење и добивање политички поени. Историјата нема да им прости.

Оставете коментар