(ВИДЕО) Во два наврати различни изјави! Дали Јанчев е член на ДПМНЕ или не?

За неполн месец кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ од Кавадарци со две различни изјави по одредено прашање

На синоќешниот телевизиски дуел во организација на телевизија 24 вести, гости беа кандидатите за градоначалници од општина Кавадарци, Бетиане Китев од СДСМ и коалицијата и Митко Јанчев oд ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата.

Меѓу многубројните прашања и дискусии, водителот му постави прашање на Јанчев дали тој е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ или пак само е нивен кандидат.

Јанчев одговори дека е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ иако на дуелот на радио Канал 77 претходно изјави дека е член на ДПМНЕ од 2005 година со членска книшка.

На оваа телевизиска дебата Јанчев во неколку наврати се деградираше од раководството на ДПМНЕ притоа укажувајќи дека неопходни се внатрепартиски промени како и смена на кадрите во јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци, кое низ годините наназад се води како испостава на ДПМНЕ.