Јанчев на средба со просветните работници од ВМРО-ДПМНЕ

Митко Јанчев на работен состанок со социјалните и просветните работници од редовите на ДПМНЕ

Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, синоќа во партиските простории оствари средба со вработени лица од социјалната и просветната дејност во општина Кавадарци.

По социјалните мрежи кружи незадоволство од страна на кавадаречката јавност за ваквиот настан, обвинувајќи дека на целокупниот образовен кадар апсолутно не му е местото по партиските штабови на било која партија. Просветните работници треба да се одликуваат со интегритет и достоинство а нивната независност треба да биде репер и пример за сегашните и идни генерации на ученици и вработени.

Јавноста смета дека ваквите настапи се крајно несериозни и дополнително ја рушат и така кревката репутација на образовниот кадар.

jancev-prosvetnite-rabotnici2_800x445