Еве ги 7-те избирачки места каде Јанчев најмногу водеше по првиот изборен круг

Гласовите од селаните најмногу му помогнаа на Јанчев после првиот изборен круг во Кавадарци

После првиот изборен круг од локалните избори, кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев води со безмалку 600 гласа во однос на неговиот против кандидат Бетиане Китев.

Во централното градско подрачје во општина Кавадарци во најголемиот број избирачки места Јанчев доживеа невиден дебакл, сепак периферијата од градот заедно со селата беа пресудни за резултатот таков каков што е.

Во пресрет на неделниот втор и одлучувачки круг ви ги претставуваме и издвојуваме седумте избирачки места каде Јанчев уживаше најголема поддршка.

1. Избирачко место број 693 кое се наоѓа во селото ВАТАША во основното училиште “ДИМКАТА АНГЕЛОТ ГАБЕРОТ “ . Овде Јанчев и ДПМНЕ водат со 129 гласови.

2. Избирачко место број 688 кое се наоѓа во детската градинка непосредно влезот во селото ВАТАША каде што во близина и живее кандидатот на ДПМНЕ. Овде Јанчев и ДПМНЕ водат со 128 гласови.

3. Избирачко место број 692 кое се наоѓа во СПОМЕН ДОМ во селото ВАТАША на улицата “ДИМЕ ЧЕКОРОВ“. Овде Јанчев води со 133 гласови.

4. Избирачко место број 685 кое се наоѓа во  основното училиште “ДИМКАТА АНГЕЛОТ ГАБЕРОТ ” во Кавадарци. Овде Јанчев води со 138 гласови.

5. Избирачко место број 680 кое се наоѓа во  поранешните простории на  “ТАСКА“  на улицата “КИРО КРСТЕВ” во Кавадарци. Овде Јанчев води со 163 гласови.

6. Избирачко место број 690 кое исто така се наоѓа во детската градинка непосредно влезот во селото ВАТАША каде што во близина и живее кандидатот на ДПМНЕ. Овде Јанчев и ДПМНЕ водат со 91 гласови.

7. Избирачко место број 698 кое се наоѓа во основното училиште во селото Возарци. Овде Јанчев и ДПМНЕ водат со 99 гласови.