Јанчев освои 12.077, Китев 11.482 гласови во првиот изборен круг!

Кавадарци оди во втор изборен круг

Вчерашниот ден од локалните избори 2017 година не го даде градоначалникот за општина Кавадарци во првиот изборен круг. Исклучително тесна борба се водеше помеѓу кандидатите од редовите на СДСМ, Бетиане Китев и од ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Според податоците од државната изборна комисија, од 60 избирачки места кои беа 100% процесирани на територијата на општина Кавадарци, вкупно гласале 24.451 граѓани или 74.85% од вкупниот број кои имаат право на глас.

Верица Арсова, кандидат од ТМРО освои 165 гласови или 0.67% од оние кои го сотвариле своето гласачко право. Митко Јанчев од ДПМНЕ освои 12.077 гласови или 49.39% од гласовите. Бетиане Китев од редовите на СДСМ освои 11.482 или 46.96%. Борис Давидов како независен кандидат освои 271 глас или вкупно 1.11%.

Кај градоначалничката листа имаше неважечки 456 гласачки ливчиња.

Советничката листа со сосема друга слика. Убедлива победа на СДСМ со освоени 10.538 или 43,10% од вкупниот број на гласови.

Партијата ТМРО освои 705 гласови или  2,88%. ГРОМ на Стевче Јакимовски освои 1.707 или 6,98% од вкупниот број на гласови. ВМРО-ДПМНЕ освои 9.146 или 37,41%Група Избирачи – РИСТО САКАЛИЕВ освои 1.481 или 6,06% од гласовите.

Кај советничката листа имало дури 874 неважечки ливчиња.

Во секој случај продолжува битката за градоначалник помеѓу двајца кандидати, Китев и Јанчев. За 14 дена Кавадарци во вториот круг ќе го има новиот градоначалник.