(ВИДЕО) Изјава на Јанчев спротивна од програмата на ДПМНЕ!

Програмата на ДПМНЕ вели едно, Јанчев кажува друго

Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, за време на тв дуелот на телевизија КТВ со неговиот противкандидат Китев, имаше можност да го објасни проектот околу новиот зелен пазар како дел од програмата на ДПМНЕ.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ која активистите од оваа партија им ја презентираа на кавадарчани стои дека при изградбата на новиот зелен пазар, паркингот како дел од неа ке се наоѓа над објектот, односно над пазарот како катна гаража.

Од друга страна пак, кандидатот Јанчев, на гостувањето на телевизија КТВ, спомена дека паркинг просторот ќе бидел изграден во вид на подземна гаража.

Граѓаните видно збунети за големиот број на контрадикторни изјави на Јанчев кои се спротивно различнни од она што како партија го врежале во сопствената програма. Некој очигледно не ја кажува вистината и манипулира со своите сограѓани. Или тоа е Јанчев, или тоа е ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект.