“Јадран” од Неготино на мета на тајкуните од власта

Прислушувањето било користено за уценување на бизнисмени и преземање на нивните фирми, тврди генералниот менаџер на фирмата „Јадран“ од Неготино, Тодор Кулаков, кој низ својот пример објаснува како се прават тие притисоци. Според него, на ваков начин се преземени фирми вредни над 100 милиони евра, пренесува 24ВЕСТИ.

– Логички е ако толкав голем ефект правиш со прислушувањето на политиката дека тој нема да се ограничи само на тоа, а да не чепне, народски речено, раката у мед да ја стави… Е па така чепнале. Над 50 фабрики се преземени преку обезвреднување на компаниите, вели Кулаков.

Според него, прислушувањето се користи за дознавање на плановите и проблемите на фирмите, контактите со деловните партнери и нивно попречување односно дознавање до детали на начинот на функционирање на фирмите.

-Врз основа на тоа, следува, според овој тајкунски систем, фаза на обезвреднување на компаниите со вешто блокирање на активностите на фирмите што финишира и преку блокирање на финансиските активности со помош на банкарите од оваа тајкунска мрежа. На крајот резултира со неколукратно обезвреднување на компаниите. И доаѓа, се разбира, последната фаза на воспоставување на контрола врз фирмата и преземање на фирмата дали преку фирми во скриена сопственост на тие тајкуни или преку нивни сателитски фирми, објаснува Кулаков.

Неговата фирма е проценета на 5,5 милиони евра, а најсилниот притисок за нејзино преземање бил во летото 2013 година.

Кулаков вели дека се надева дека институциите сепак ќе си ја завршат работата и ќе му застанат на патот на ваквото криминално преземање на фирмите.

Извор 24ВЕСТИ

 

{facebookpopup}

Оставете коментар