Извршителот од Кавадарци Љупчо Јованов за минатата година остварил приходи од 252.000 евра???

10 извршители со добивка од милион евра за една година

На сметките на десетте извршители со најголеми приходи, минатта година се свртеле близу 4 милиони евра. Толкав приход имало на нивните сметки. Истите десет пак заработиле околу 1 ,1 милон евра.

На врвот е поранешниот прв човек на комората на извршители Гордан Станковиќ. Имал приходи од близу 600.000 евра за минатата година. Додека пак неговата добивка изнесува 267 илјади евра.

Следен е Зоран Петрески. Минатата година на неговата сметка се свртеле половина милион евра. Петрески имал добивка од 227 илјади евра.

Извршителката Снежана Андреевска  од Скопје лани имала приходи од 415.000 евра, додека пак имала добивка од  47.000 евра.

Гордана Џутеска, која е извршител од Струга, минатата година имала приходи од 380.000 евра, и добивка од 184.000 евра.

Извршителот Андреја Буневски од Скопје минатата година имал приходи од  377.700,  но пријавил расходи од 377.500 евра, со што неговата добивка за лани изнесува околу 200 еврa.

Фанија Каламатиева остварила приходи од  352.700  евра, а минатогодишната добивка и изнесувала 32.000 евра.

Извршителката Даница Страчкова лани имала приходи од 344.400 евра, додека нејзината добивка изнесува  82.000 евра.

Весна Јакимовска, која е извршител од Гостивар, остварила приходи од 298.000 и добивка од 62.000 евра.

Магдалена Симовска Давидовиќ имала приходи 260.700, додека добивката за минатата година и изнесувала 115.000 евра.

Извршителот од Кавадарци Љупчо Јованов за минатата година остварил приходи од 252.000 и добивка од 88.000 евра.

Владата во предизборната кампања најави дека ќе се намалат трошоците што граѓаните ги плаќаат на извршителите, бидејќи изминатите години, граѓаните постојано се жалеа на огромните суми што ги плаќаа за извршителите, дури и кога сметките им се блокираа за мали суми.

Извршителската дејност беше воведена пред десет години. Оттогаш досега, тие од граѓаните успеале да наплатат долг од 830 милиони евра. Само во 2015 година, од кога датира последниот извештај на Комората на извршители, поднесени се 352  претставки за работата на извршителите. Најголемиот дел од претставките се поднесени токму од должниците. Сепак, претставките против извршителите најчесто се констатира дека се без основа.

Извор 24 Вести