Изневерени

До овој тажен заклучок дојдов гледајќи ги во текот на годините силните благородни цели и масовните движења како се гасат. Но дури и покрај оваа мрачна реланост, поразот на демократските движења низ Блискиот исток и Северна Африка, по протестите кои измамија милиони луѓе на улица, е запрепастувачки. Не беа тоа единствени замји каде народот бараше промени. Имаше масовни демонстрации во Грција, Бугарија, Мексико, Бразил, Перу, Португалија, Шпанија и многу други држави, предизвикани од светката економска криза и наметнувањето на мерките за штедење, но она што се случи во земјите како Сирија и Египет, сеа и во Украина, е многу посериозно, бидејќи демонстратите го доведоа во прашање легитимитетот на државата и поставија барања за коренита реформа или соборување на луѓе и институции кои стојат на патот на народната желба.

Иако поголем дел од нас не знае многу за историјата и културата на овие земји, ги гледавме лицата на демонстрантите, стаи и млади од сите класи на општеството, и иако тие луѓе можеби изгледаат поинаку од нашите сограѓани, можеме да го разбереме нивниот гнев и гадење од политичкиот систем под кој ѓивеат и нивната одлучност и ранливост додека се судираат со вооружените предтсавници на корумпираната држава. Колку беше возбудливо во 2001 година да се гледаат илјадници луѓе како излегуваат на улица и до смрт ги плашат оние на власт. Тоа ме потсети на оние храбри денови на протести против војните во Виетнам и Ирак, на наивното убедување на учесниците дека нивниот глас ќе се слушне и ќе го надгласи она што тогаш го видов како, а подоцна се покажа дека навистина е, чин на морален и стратешки идиотизам, кој доведе до смрт на безброј луѓе и уништување на нивните земји.

Но со недели, па дури и месеци, додека го набљудувавме народот на Тахрир и другите места, бевме полни надеж. Нивните барања не звучеа само разумно туку и непоколебливо, иако имаше многу предзнаци дека оние од власта имаат намера да го вратат ударот. Се сеќавам, на пример, како на телевизија гледав снимка на демонстрациите во Бахреин, или некоја друга заливска земја, каде се случи следнава сцена. Постар човек со достоинствен став, во бело одело, исчекори од толпата и му пријде на водачот на вооружените војници. Им зборуваше смирено, кога од толпата, без никакво предупредување, еден војни ја подигна пушката и го застрела во глава. Имаше уште такви насилни сцени во текот на месеците на таканаречената Арапска пролет, но осебно ми привлече внимание бруталноста која полицијаците и вијниците ја чуваа за жените и студентите во толпата.

Истото насилство ќе се случи неколку месеци подоцна во сликите на полицајците кои прскаат со солзавец врз девојките на демонстрациите Occupy Wall Street. Можеше едноставно да се почувствува задоволството со кое тие луѓе ги казнуваа непослушните деца на своите сограѓани, со тепање и шутирање.

Затоа не им верувам на политичарите и колумнистите кои редовно се згрозуваат над бруталното третирање на демонстрантите во другите делови на светот. За некое чудо тие не забележуваат како се третираат демонстрантите кај нас. Што повеќе е оддалечена неправдата, може да се каже, до тоолку се тие погласни, иако и тогаш се селективни и заговараат хуманитарна помош само кога е таа во склад со нашите интереси. Ако режимот е наш сојузник никој нема да проговори. Ако не е, тогаш вообичаениот рецепт за нив е воена интервенција. Ако им веруваме на луѓе како што е е Џон Мекејн, доволно е на таа земја да се фрли одредена количина бомби и слободата и демократијата ќе изникнат од рушевините, како што, претпоставувам, се случило во Ирак, Авганистан и Либија. Тој и другите приврзаници на воената интервенција немаат трпение за луѓето кои велат дека не е наша работа да ја поправаме секоја неправда во светот, ниту за оние кои истакнуваат дека, кога ќе се вмешаат, обично убиваат многу невини луѓе и предизвикуваат етнички и верски страсти, што доведува до локален и регионален хаос кој не може да се запре.

Баш тој селективен морал на нашите интервенционисти ме навредува. Тие не судат за насилството според последиците, туку по тоа дали насилството сме го направиле ние или некој друг – ако насилството го правиме ние, тоа тогаш има нивна целосна подршка. Лицемери, слепи и рамнодушни према катастрофите во својата земја, не се добри кандидати за улогата на морална свест на нацијата, особено кога нивните барања за демократија во овие намачени земји имаат долга и злогласна сомнителна историја.

Каква воздишка на олеснување испушти Вашингтон кога египетската војска ја собори демократски избраната влада! Преку ноќ е заборавен народот собран на Тахрир, а политичарите и колунистите кои го идеализираа – замолкнаа, дури и кога војската и безбедносните сили почнаа да пукаат во овој народ на улиците, ставајќи илјадници луѓе во затвор. Овој филм го гледавме безброј пати. Малку се работите на овој свет кои никогаш не се менуваат, но една од нив е сигурна а тоа е дека оние кои ќе дигнат глас против против неправдата на крај ќе бидат изневерени.

 

 

 

Превод: Попова

 

Оставете коментар