Изгоре куќа во Неготино

– Пожарот беше пријавен околу 20.30 часот. Со две противпожарни возила и пет пожарникари интервениравме околу два часа. Пламените јазици ја уништија покривната конструкција чиј таван не беше од тврд материјал туку од трска. Откако се урна покривна конструкција, таа уништи и дел од покуќнината. Морам да нагласам дека имавме и тежок пристап до запалениот објект бидејќи тој се наоѓа малку подалеку од улицата која води до него – информира денеска командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев.

Илиев вели дека се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Оставете коментар