Изгласан ребалансот на буџетот на Општина Кавадарци

1. Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2014 година – Прв Квартал;
2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2014 година;
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на просторот на Општина Кавадарци за 2014 година;
4. Предлог – Програма за изменување и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2014 година;
5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кавадарци;
6. Предлог-Програма за донесување на Урбанистички План за село Конопиште, разработка на блок 5- Оштина Кавадарци плански период 2013-2023 година;
7. Предлог – Одлука за донесување на Детален Урбанистички План за дел од УБК 10К – изменување и дополнување плански период 2009-2014 година Општина Кавадарци;
8. Предлог – Програма за зименување и дополнување на Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на спортот и млади во 2014 година;
9. Предлог-Одлука примање и давање на трајно користење на движните ствари – Книги од програмата на Владата на република Македонија за преведување на 500 стручни, научни книги и учебници;
10. Предлог- Одлука за изменување на Одлуката за давање на времено користење недвижна ствар на ЈП за стопанисување со спортски објекти “Мито Хаџи Васиев – Јасмин“ Кавадарци;
11. Предлог – Одлука за прифаќање на Проектот обезбедување на подршка во подобрување на енергетска ефикасност во колективното домување;
12. Предлог-Одлука за примање на трајно користење на движни ствари – систем на видео надзор;
13. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2014 година (ИВЗ – Џамиски одбор);
14. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2014 година (за манастир Св. Спас, с. Шивец);
15. Предлог- Одлука за одобрување на финасиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2014 година (за училиште, село Бојанчиште);
16. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2014 година (Ацо Видиков);
17. Предлог-Одлука за давање на согласност на ООУ„Гоце Делчев„ Кавадарци, за отуѓување на училишен инвентар;
18. Предлог-Решение за разрешување и именување член на Управен Одбор на ЈП “Комунале“ Кавадарци;
19. Предлог-Решение за именување на Организационен Одбор за организирање на туристичко културна манифестација “Тиквешки Гроздобер 2014 година“;
20. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на плански опфат за објекти надвор од планси опфат;
21. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на собраќајната инфраструктура;
22. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на убанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на собраќајната инфраструктура;
23. Извештај за редовното работење на ЈП “Мито Хаџи Василев – Јасмин“ Кавадарциза 1 тромесечие од 2014 година;
24. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион;
25. Годишен Извештај за спроведување на програмите за развој на Вардарскиот плански регион;


Од Дневниот ред беа извадени две точки:
1. Предлог-Решение за разрешување и именување членови на Општински Совет за безбедност на собраќајот на патиштата; како
2. Советнички прашања.

На денешната седница на Советот на Општина Кавадарци се изгласа Кварталниот Извештај и Ребалансот на Буџетот, со 11 гласа ЗА и 5 гласа ПРОТИВ. На седницата присуствуваа 16 Советници. Подетално објаснување за некои од точките на дневниот ред ќе следат дополнителни информации. 

На денешната седница се отвори расправа од страна на советниците од опозицијата; Зоран Бањански, Милица Андова и Сашко Петров, кои со критички осврт се произнесија во врска со Кварталниот Извештај и Ребалансот на Буџетот. На критиките одговараше градоначалникот Александар Панов.

Во одбрана на Кварталниот Извештај застана и советникот од страна на ВМРО ДПМНЕ Зоран Јованчев.

 

 

Оставете коментар