Во Кавадарци изборниот процес течи во најдобар ред

Изборниот процес во Кавадарци се одвива мирно и без инциденти

Вториот круг од локалните избори во Република Македонија генерално минува во најдобар ред, изборниот процес течи во релативно мирна атмосфера и без посериозни инциденти.

Големото полициско безбедување е гаранција плус дека до 19 часот изборниот процес нема да биде нарушен и гласачите своето гласачко право ќе може да си го реализираат без закани и притисоци.

И во општина Кавадарци досега нема инциденти кои би можеле да го нарушат изборниот процес. Се очекува далеку поголема излезност за разлика од првиот круг.