Историски факти кои не сте ги знаеле

– Римското царство го зафаќало скоро целиот познат свет. Денес тие би биле само 19-та држава според големината.

– Временскиот период помеѓу Стегосаурусот и Тираносаурус Рекс е подолг отколку помеѓу Тираносаурус Рекс и нас.

– Во последните 3400 години мир во цивилизираниот свет владеел само 230 години. Многу цивилизирано.

– Од 1945 година сите британски тенкови имаат задолжително прибор за спремање чај.

– Вистинското име на Исус Христос е Џошуа, но Грците не ја користеле буквата Ш, и за да го префрлат во машки род додале уште едно С и така настанало името Исус.

– Првата филмска проекција е одржана на 28 Декември 1895 година. Само година дена покасно прикажан е и првиот порно филм со наслов Le Choucher de la Mariee (Искушението на Марија).

– Во текот на битката за Сталинград во Втората Светска Војна, железничката станица била освојувана од противниците дури 14 пати за само 6 часа.

– Повеќе германски војници погинале обидувајќи се да ја освојат оваа зграда во Сталинград отколу што погинале при освојување на Париз.

– Неколку месеци пред падот на Отоманската империја основана е компанијата Warner Bross.

– Бракот помеѓу различни раси во Јужноафриканската република бил забранет од 1949 до 1985 година, 36 години. Во Америка бил забранет 191 година, од 1776 до 1967 година.

– Кога Германците ја окупирале Норвешка го спровеле проектот Лебенсборн, кој подразбирал врска помеѓу германските војници и Норвешките девојки, како и раѓање на деца од “повисока раса”. Најпознато Лебенсборн дете е Фрида Лингстад, пеачка на групата Абба.

– Компирот стигнал во Европа од Јужна Америка во 1589 година. Кралицата Елизабета наредила куварите да го припремаат. А тие на затворениците им ги фрлиле компирите а го зготвиле само листот. Елизабета ја забранила употребата на компирот во наредните 100 години.

– Од 10-те најлоши војни на светот седум се водени во Кина. Во секоја од двете најкрвави војни настрадале повеќе луѓе отколку во цела Европа во Првата Светска Војна.

– Многу луѓе во шеесетите се поврзуваат со масовно користење на марихуана. Всушност во 1969 година во Америка само 4% од граѓаните пробале марихуана а 34% не знаеле што е тоа.

– Персија во 480 година пред нашата ера контролирала 44% од светската популација. Само 150 години подоцна Александар Македонски ги уништил. Како дошло – така пошло.

– Египетските пирамиди всушност не ги изградиле робови туку платени работници.

– Луѓето се појавиле пред 200.000 години. Пишаните записи започнуваат дури 6000 години подоцна. Значи, 97% од нашата историја е изгубена засекогаш.

 

 

 

Leave a Reply