Историја на вибраторите: како настанал овој женски “пријател”

Се зборува дека египетската владетелка Клеопатра користела празен сад наполнет со пчели кои со зуењето создавале вибрации, но во тоа не знаеме колку има вистина.

Од доказите што постојат се потврдува фактот дека жените со години се лечеле со помош на вибратор или вибрирачки апарати. Секако, ова никако не  е лечење од сексуална природа. На овој начин се лечела дијагностицираната хистерија која била проследена со анксиозност. А тоа немало никаква врска со сексот. 

Значи на хистеричните ѓени им била пропишувана терапија која денес се нарекува мастурбација. Дамите од високото друштво еднаш неделно посетувале лекари за да им се олеснат симптомите на хистеријата, а масажата би ги довела до “хистеричен пароксизам” или оргазам. Потребата за настанокот на вибраторот се наметнала баш некаде во тој период бидејќи исцрпените лекари морале да најдат начин како хистеријата не би морала да се лечи рачно. Имено, лечењето на еден пациент би можело да потрае и до еден час. Joseph Mortimer Granville го создал првиот електромеханички вибратор, претходник на денешните вибратори. Кога во дваесетите години од минатиот век се појавиле првите порнографски филмови кои вибраторот почнале да го прикажуваат како сексуално помагало, оваа направа достигнала лоша репутација и била исфрлена од страна на лекарите. Тогаш престанале да го користат и луѓето кои дома го имале како функционален масажер. Вибраторите своето враќање го доживеале во шеесетите години кога започнала сексуалната револуција. Голема улога во растото на популарноста на вибраторите одиграл и ХИВ вирусот бидејќи користењето на вибратор било препорачувано како сигурен начин на уживање. 

 

Оставете коментар