Инцидент на избирачко место во Кавадарци

До 10 часот во Кавадарци гласале 12,56% од 32.706 граѓани со право на глас, инцидент на гласачкото место 0689

Инцидент на гласачкото место 0689 кое се наоѓа во барака м. з. “ Слога“ на  ул. “Страшо Пинџур”во Кавадарци, откинато е гласачко ливче заедно со серискиот број. Гласачкото ливче било ставено во плик кој бил затворен а на гласачот му било дадено ново гласачко ливче. Избирачкиот одбор направил записник за овој случај.

На другите избирачки места во општина Кавадарци нема забележано инциденти.

До 10 часот во Кавадарци гласале 12,56% од 32.706 граѓани со право на глас. Се гласа на 60 избирачки места за четворица кандидати за градоначалник и пет советнички листи. Вчера право на глас имаа 83 болни и немоќни лица.