Хотел Вила Бела

Вила Бела е фамилијарно воден хотел и ресторан кој се наоѓа во предградието на Кавадарци во месноста Моклиште, Ваташа.
Новоизграден во 2012 година, овој класичен Бутик Хотел е поставен помеѓу безвременски пејзажи и живописна околина на природна убавина.
Во тој контекст денешното интервју го правиме со сопственичката на хотелот Вила Бела, г-ѓа Елизабет Јованова Хеавер, која живее и работи во Лондон, Велика Британија.


Кире Бебеџаков: Г-ѓо Елизабет, Вие веќе подолго време живеете и работите во Велика Британија. Како увертира на ова интервју и ако може така да се каже “да го скршиме мразот”, би ве прашал зошто се одлучивте за една ваква инвестиција во општина Кавадарци? Која е причината т.е што беше пресудно да биде токму родниот крај?

Eлизабет Jованова Xевер: После 20 години успешно работење и живеење во Велика Британија имав можност преку работа а и преку лични патуванња и одмори да го прошетам светот и да ги откријам убавините и културите на разни земји во Европа, Азија и Америка.

Работата во Велика Британија е доста напорна , стресна со огромен притисок да се постигне успех, па често почуствував потреба за краток одмор и релаксација, и да ја надополнам потрошената енергија.
Првата идеја ми беше да купам «холидеј хаус» па да го поминувам времето со мојата фамилија за време на викендите или за празниците. Потоа гледав да купам куќа во Италија, Шпанија или Франција.

Но носталгијата спрема родното место беше поголема од се, и се одлучив да купам место за да изградам Вила за одмор во сончевата Македонија, па очигледно Кавадарци беше мојот избор.

Со помош на мојот брат, Златко Јованов, го откривме прекрасното место за изградба на вилата во Моклиште покрај реката – Луда Мара.

Идејата за изградба на Вила Бела се роди кога седнав покрај малиот водопад од реката толку многу делуваше смирувачки на мојот дух, шумот од водата, мирисот на шумичката наоколу, мирно место погодно за медитација и тишината во околината, каде само птици се слушаат наоколу. Толку бев воодушевена дека ова е добра можност и прекрасно место да се направи мал хотел Вила Бела за рекреација и одмор да се привлечат странски туристи.

Тиквешијата и околината на Кавадарци има толку прекрасни и магични природни убавини кои не се доволно искористени од страна на домашниот и странскиот туризам.
И така се роди мојата идеја за инвестиција во Македонија со намера да се вработат и наши луѓе а и да се инвестира во мојата земја, во мојот роден град Кавадарци.

 

КБ: Вила Бела е фамилијарно воден хотел. Заради обврските кои ги имате во Велика Британија претпоставуван дека не сте во можност секојдневно да се посветите на случувањата во и околу хотелот. Освен вас, кој друг е директно вклучен во работата на хотелот?
EJX : Уште за време на изградбата на хотелот мојот брат Златко Јованов беше директно вклучен и беше проект менаџер на сите фирми и работници вклучени во изградбата на хотелот. Со ангажман на архитетот Илија Плачков, заедно го направивме дизајнот па до завршните елементи и интериер дизајн на Вила Бела Хотел. Без неговиот смисол за бизнис, умешност и работливост, не би успеала сама да го реализирам овој проект. Така што инвестицијатае моја но бизнисот е заеднички во партнерство со мојот брат.

Исто така мојата снаа Костадинка Јованова е вработена како Хотел Менаџер во Вила Бела и со нејзиното одлично познавање на англискиот јазик, амбициозноста и креативноста, Вила Бела персоналот работи моментално под нејзина контрола.

Среќна сум сто имам фамилија која работи 24 часа во хотелот со намера да се постигне најдобра угостителска и рекреативна услуга во Тиквешијата па и наоколу.

 

КБ: За разлика од поголемиот дел ресторани и хотели, кои се наоѓаат во централното градско подрачје, хотелот Вила Бела е исклучок. Зошто ја избравте токму оваа локација?

EJX : Вила Бела хотелот е новоизграден во 2012 година. Овој класичен бутик хотел е поставен помеѓу безвременски пејзажи и живописна околина на природна убавина.
Местоположбата на Вила Бела е прекрасна поради приородните убавини во околината Моклиште, посебно локацијата покрај реката Луда Мара.
Вила Бела со околината може да привлече внимание на луѓе кои сакаат да се одморат или да престојуваат за викенд, независно дали им треба ноќевање за време на бизнис патување или за мир , медитација и релаксација на сите оние кои сакаат да избегат од секојдневниот живот во идилична и живописна локација а сепак да бидат близу до градот Кавадарци.
Живописните убавини во околината на Вила Бела не можат да се споредат со централниот дел во Кавадарци каде што градот сеуште не е досреден и треба доста да се инвестира да се разубави за го добие угледот на убаво уреден град.
Реката Луда Мара протекува на задниот дел на хотелот обезбедувајќи извонредна капка мир и релаксација за сите оние кои сакаат да избегаат од секојдневниот живот во идилична, а сепак трепелива локација. Посетете не и релаксирајте се во нашиот надворешен базен кој се наоѓа во рамките на градината каде што можете да уживате бескрајно во топлите сончеви денови.
Малиот водопад од реката толку многу делуваше смирувачки на мојот дух, шумот од водата, мирисот на шумичката наоколу, мирно место погодно за медитација и тишината од околината, каде само птици се слушаат наоколу.. Толку бев воодушевена дека ова е добра можност и прекрасно место да се направи мал хотел за рекреација и одмор а и да се привлечат странски туристи .
Тиквешијата и околината на Кавадарци има толку прекрасни и магични природни убавини кои не се доволно искористени од страна на домашниот и странскиот – туризам.


КБ: Проекти од ваков тип се потребни за општина Кавадарци, пред се во неговата промоција како во Македонија така и надвор од неа. Колку Вила Бела може да помогне во таа промоција?

EJX : Македонската природна убавина може да им понуди не само на домашните но и на странските туристи можности да ја запознаат нашата култура и обичаи и убавини под нашето македонско поднебје.
Во Вила Бела можеме да промовираме и организираме дегустации на вина, и посети на Винарски куќи во Тиквешкиот регион. Во Вила Бела, иако хотелот само што се отвори во Септември 2012, ние веќе имаме атракција на странски гости кои беа посетители во нашиот хотел, гости од Геманија, Англија , Австрија, Италија, Холандија, Англија, Грција и други места.
Промоции на нашиот град Кавадарци со организирање на пешачење да се посетат природните убавини, организирање на мали тури на излети во околината на Моклиште, реката Луда Мара, Витачево, Тиквешкото езеро, посети на нашите средовечни цркви и манастири, искуство со еко туризам и посебно посети на старите традиционални села и вкусот на прекрасната традиционална македонска храна.
Ние веке почнавме со мали промоции во Англија преку македонската амбасада во Лондон а исто така развиваме маркетинг и адвертајзинг преку големи европски и светски туристички веб- сајтови, каде што Кавадарци и Македонија ќе се промовираат како и можноста за изградба на слични проекти од странски инвеститори.


КБ: Квалитетот на услугата е еден од приоритетите кога станува збор за еден ваков бизнис. Колку Вила Бела како хотел може да се пофали со квалитетот на персоналот?

EJX : Кавадарци и генерално Македонија не може да се пофали со квалитетот на услугата што ја нудат повеќето од рестораните и хотелите, и треба многу напорност и подобрување во оваа област.
Јас сум задоволна со изборот на персоналот кој е моментално вработен во Вила Бела, а и правиме редовни анкетни прашања и одговори од гостинот за угостителството и квалитетот на услугата со домашните и странските гости.

Вила Бела се стреми за уште подобар квалитет со услугата и подготовката на храната. Секое мислење на гостите се зема во предвид и се стремиме за константно подобрување во секој поглед, на добра храна, брза и квалитетна услуга.

Имаме двајца искусни професионални шеф-кувари, Стојче и Раде, како и професионални келнери, бармени, рецепционери. Тука се Сарафче, Иле, Донче и Македонка кои под менаџмент на Костадинка, со нивната умешност, работливост, креативност и убавата насмевка со гостите, настојуваме да го унапредуваме угледот на Вила Бела не само во Македонија но и надвор од неа.
Имаме доста странски гости кои моментално престојуваат во Вила Бела, па затоа да се има перфектно угостителство и квалитетот е приоритет.

 

КБ: Вила Бела е одлично место за чашка муабет со најблиските и пријателите.
Покрај редовната услуга, дали нудите организирање и на други свечени пригоди како состаноци и слично?
EJX : Вила Бела е идеална локација за вашиот настан, без разлика дали тоа е свадба, роденден или некој друг настан или веселба.
Во Вила Бела организираме дегустации на вина, но исто така можеме да организираме и посети и дегустации во винарските визби во Тиквешкиот регион.
Исто така можеме да ви помогнеме во организирање на следните бизнис настани состаноци:

  • • бизнис настани и промоции
  • • семинари и конференции
  • • тимбилдинг состаноци
  • • прослави на компании
  •  

КБ: Во делот на хотелското сместување, со колкав број на легла располагате?

EJX : Хотел Вила Bела располага со 8 големи соби/aпратмани со капацитет од 27 гости. Во една соба можат да се сместат две, три или четири лица во зависност од големината на собите.

Собите се уредени со стил и класична/модерна декорација и сите соби и купатила се различни и уникатни па интериерот би им одговарал како на младите така и на постарите лица. Без разлика дали престојот на гостите е бизнис или задоволство Вила Бела со квалитетната услуга обезбедува можност да доживеат гостите нешто различно и уникатно.

 

КБ: Во делот на постојаните инвестиции изгледа дека нема запирање. Дознавме дека во фаза на изградба во склоп на хотелот е и спа центар. Може ли да ни откриете некој детал во таа насока?

EJX : Во оригиналниот проект замислата беше да се направи спа центар со џакузи, сауна, стимер, соби за масажа. Спа е во изградба но фокусот моментално е на угостителскиот дел, ресторанот и хотелот. За време на зимскиот период, се надевам дека сите спа фасилити ќе бидат завршени и ке се пуштат во употреба за гостите кои ке престојуваат во хотелот а исто и за гостите кои сакаат да се релаксираат. Ќе имаме специјални пакети за масажи за нега, разубавување и релаксација.

 

КБ: Една од приоритетните работи за гостите покрај услугата верувам е и моментот кога на крајот ќе пристигне сметката за потрошеното. Збор-два за цените во хотелот и ресторанот во однос на останатите конкуренти.

EJX : Цените во ресторанот се многу погодни и компетитивни со другите хотели и ресторани во градот. Можам исто да кажам дека како фамилијарен бизнис ние сме многу флексибилни и бидејќи е прва година на бизнисот имаме доста поволни и промоционални цени за сите заинтересирани кои сакаат да поминат убави и свечени и незаборавни моменти во ресторанот или хотелот Вила Бела.

 

КБ: Какви се плановите на Вила Бела, да речеме во блиска иднина? Дали имате некоја поконкретна цел?

EJX : Сега за сега нашиот фокус е да се разработи угостителскиот дел и хотелот да привлече внимание на странскиот туризам да доаѓа и да ги посети убавините на Тиквешијата. Почнуваме со маркетинг низ цела Европа посебно ги таргетираме љубителите кои сакаат да пешачат и да ги уживаат природните убавини наоколу, промоција на Еко туризамот по Кавадаречките села околу Кожуф планнина, нудиме дегустација на Тиквешко вино. Исто така планираме да понудиме специјални пакети за викенди за млади парови, да поминат романтични моменти во Вила Бела вклучувајќи им и романтична вечера.

За фамилијарни луѓе и постари фамилии да се одморат од стресот и да заборават и избегат на неколку дена од секојдневните монотони активности од животот. Ако сето ова се реализира со резултат тогаш има можност да се зголеми и капацитот на собите во Вила Бела и да се доградат и други делови за туризам и релаксација.

 

КБ: Во делот на кујната верувам дека располагате со некои посебни изненадувања. Колку “европските” специјалитети се застапени во вашето мени паралелно со традиционалната македонска кујна?

EJX : Во оделот на храната паралелно со услугата на македонската храна имаме специјалитети како Indian carries, Cheese fondy, Ceaser salad, Chilly concarnie, Chinese noodles, Carbonara и Pesto pasta, десерти кои се поспецифични во Европа, fruit salad with puddings and cream, и поздрава храна која се нуди како “дневни специјалитети” од шефот на кујната. Секој гостин кој има желба да проба различна храна, треба само да му се обрати на келнерот и ке биде услужен.

 

КБ: Вообичаено имаме некоја мисла водилка во животот. Кое е вашето животно мото што би го споделиле со нашите читатели?

EJX : Ако човек не сонува и нема никакви соништа , тој човек нема за што да сонува!:)
Затоа сонувајте и реализирајте си ги вашите соништа. Верувајте во себе и не дозволувајте никој да ви ги уништи тие соништа. Позитивноста, упорноста и работливоста сепак на крај се исплаќаат.
English:
“You must be the change you wish to see in your world! If you don’t have dreams you don’t have anything to dream about! Follow your dreams and believe in them! Keep believing and keep trying as the persistence and hard work always wins at the end!”
 

Оставете коментар