Интервју со Кристијан Иваноски – фотомодел и кошаркар

Со својата 15-годишна возраст, утврдените цели односно насоки, чувството за потреба од постојано лично надоградување во секој поглед, а со цел квалитативно збогатување на етерот во секоја смисла на зборот, најдокрај со својот целокупен поглед на Светот, Кристијан Иваноски роден во Кавадарци а со престој во Скопје со цел негово образование, спортско надоградување и остварување на своето хоби за кое што подоцна ќе зборуваме, веќе се наметнува како профил на личност достоен за внимание и како пример за успешен млад човек којшто оди во реализација на сегашноста, и утврдување на нормите за настап во иднината.

НАДИЦА ВАСИЛЕВА:  Kaко вовед во ова интервју би сакала најнапред да ви се заблагодарам што прифативте да бидете мој соговорник и да се обидеме на пошироката јавност да ја доближеме вашата личност во едно малку поинакво светло.ПСУ „Алгоритам Центар“-Скопје е приватна гимназија во Македонија на која ти се одлучи да го продолжиш своето образование, а не во својот роден град. Која е причината за оваа одлука и кои се твоите впечатоци во однос на критериумите за настава во оваа гимназија?

КРИСТИЈАН ИВАНОСКИ: Дваесет и првиот век не е век на импровизации и не дозволува несериозно однесување и немање поглед кон иднината. Апсолвирано е прашањето дека образованието е темелот на светот и условот „Животот да остане во живот“. Овој век, оваа сегашност овој момент и моментум, задолжително бараат секој поединец да се стекне со квалитетна наобразба како би можел да се носи со предизвиците на сегашноста, и пред време на успешен начин да ја „совладува“ иднината. Затоа мојот избор падна на ПСУ „Алгоритам Центар“, училиште коешто нуди процес на образование токму за остварување на претходно наведената цел. Во програмата на училиштето за секој ден е утврдено предавање на три наставни предмети коешто се одржува во блок часови со траење од по 80 минути. Целта на истото е предавање на предвидените наставни единици и теми, нивно разработување во целост и нивно научување од страна на учениците до 80-90 проценти. Наставата се одржува со презентирање на наставните теми на голем екран, а наставникот има можност за интерактивна работа со секој ученик по неколку пати во текот на наставниот час.

Н.В: Подолг период можеме да те забележиме во редовите на кошаркарскиот клуб „ВАРДАР Апаве“-Скопје. Колку си задоволен од соработката со нив? Кога започнаа твоите почетоци со кошарката и кои се разликите кои постојат во клубовите од твоето досегашно искуство ?
 

К.И: Од јуни минатата година кога учествував во летната академија на К.К. Вардар Апаве-Скопје, станав член на тој клуб и до овој момент сметам дека успешно настапувам за истиот, земајќи во предвид дека сум еден од избраниците на почитуваниот тренер Младен Јегдиќ којшто успешно не води кон крајната цел, а тоа е наше што е можно поквалитетно спортско усовршување, како и постигнување на највисоката цел а тоа е шампионската титула за 2013/14 година.
Што се однесува до разликите помеѓу сегашниот и поранешните клубови ќе кажам нешто што и на сите им е познато, а тоа е дека сепак К.К. Вардар Апаве квалитативно отскокунва во својата работа, но, сметам дека истото би требало да послужи како поттик кај останатите стручни тимови за квалитативен напредок за останатите кошаркарски клубови и школи.
Инаку, ќе напоменам дека кошарката е мој спортски избор од мојата 8 годишна возраст кога почнав да се усовршувам во К.К. Спортисимо односно К.К. Неготино под раковотство на почитуваниот тренер Мирослав Златески.

Н.В: Освен образованието и кошарката еден дел од твоето време го поминуваш и во Модното студио „Црнокрак “ како успешен и професионален модел. Како ја доживуваш оваа улога во твојот живот? Можеш да се потпреш на истата како идна твоја професија или пак само како хоби?
 

К.И: Напоменав дека денешницата, а со самото тоа и иднината бараат максимално сериозен пристап спрема работите и настап во реализацијата на животните идеи. Меѓутоа, самото тоа на некој начин „ бара“ на момент „излегување“  и приклонување кон нешто што ќе значи релаксација. Јас таквото „излегување“ го пронајдов во мојата желба да се занимавам со манекенство и фотомоделство, а идеално место за тоа утврдив дека е модното студио„Црнокрак“. Иако е хоби, сепак истото бара максимална посветеност, професионален пристап, одмереност и сериозност, без што ова занимање не би можело да се реализира, дополнително затоа што се работи за занимање што обезбедува целосна јавност односно присуство на медиуми (пишани и електронски) како и јавни настапи пред голем публика. Засега манекенството и фотомоделството за мене останува хоби, а не професија, но, реализирана со целосен професионален пристап, и секако евентуална можност за во иднина градење како професионален манекен и фотомодел.

Н.В: Често прашање кое предизвикува дилеми кај луѓето е за тоа кои се разликите помеѓу манекен и фотомодел и кои пропорции треба да ги поседуваат? Според тебе што треба да поседува една личност за да стане професионален и успешен модел?

К.И: Разликите помеѓу манекен и фотомодел се во нивниот настап. Меѓутоа, и едното и другото неспорно можат да го реализираат, една личност односно да се постави согласно барањата, аранжманот, моментот. Додека за манекен пропорциите се на некој начин утврдени, но и не се толку ригорозни како кај манекенките, дотолку за фотомодел истите и не се многу важни затоа што таму пред се се бара ликот да одговара на барањето на фотографот или пак режисерот, но сепак истиот да одговара на „барањето“ на објективот.

Н.В: Според тебе, кое е твоето видување за македонската модна сцена во Македонија? Колку манекените се ценети во нашата држава и сметате дека може да се живее просечен живот со оваа професија?

К.И: Секако дека во последните години луѓето кои што во Македонија се занимаваат со мода, имаат направено голем исчекор во профилирањето на манекенството и фотомоделството како занимања, гледано преку организирањето на најразлични модни настани: Fashion Week, Fashion Weekend, останати ревии, учества во спотови, реклами и т.н. Сепак македонската модна сцена заостанува зад водечките светски модни сцени, но добро е што постои нова енергија за профилирање на ова занимање. Мое согледување е дека се повеќе манекените се ценети и почитувани и имам чувство дека луѓето бараат да бидат публика при модни настани, и дека се повеќе млади луѓе сакаат да се реализираат во манекенството и фотомоделството.

Н.В: Дали и колку се забавуваш со оглед на тоа дека имаш сериозни ангажмани ?

К.И: Иако живеам динамичен живот поради големиот број на обврски, настојувам да најдам можност за дружба со моите врсници како и остварување на многуте желби како што е возење на спортски мотори, ноќен живот, излегување во град и прошетки заради релаксација.

Н.В: Воодушевуваш со твојот стил и кога не си на модната писта. Во што Кристијан се чуствува најудободно?

К.И: Големо задоволство ми претставува кога мојот изглед е секогаш среден. Внимавам на мојата облека, фризура како и на моето тело. Од страна на облека сакам да носам тренерки но, секојдневието и баш не ми го дозволува тоа. Па затоа постојано сум во фармерки и кошули како и патики и чевли.

Н.В: Дали имаш посебна страст кон нешто?

К.И: Да, тоа е возењето на мојот нов спорт мотор, којшто ми овозможува рализирање на страста и кревање на адреналинот.

Н.В: И за крај за оние кои се во исчекување :). Кои китериуми треба да ги исполнува една девојка за да може да освои барем еден дел од твоето срце? И твоја цел во животот?

К.И: Не секогаш подлегнувам на добар изглед, пред се гледам таа да биде компатибилна на мојот карактер како и воедно прифатлива за моето срце. Сакам посветеност од нејзина страна, се разбира доколку е искрена љубов.

Н.В: Ти благодарам за времето кое го одвои за ова интервју за нашиот портал – ние ти посакуваме среќа и успех!
К.И: Ви благодарам на поканата, и на одвоеното време што ми го посветивте.
 

{facebookpopup}

Оставете коментар