Интервју со DJ Buli

Овој период во неговиот живот завзема голема улога во неговата музичка едукација. Првите контакти со електронската музика се направени во периодот од 1998, 1999 и 2000 година прифаќајќи го влијанието на артисти и ди-џеј како: Fatboy Slim, Chemical Brothers, Prodigy, Atb, Armin Van Helden, Mambers Of Mayday, Faithless, Music Instructor и други.

Првото јавно настапување како ди-џеј го има реализирано во 2003 година во неколку локални клубови. На 16 годишна возраст има настапи како резиден ди-џеј во најреспектираниот клуб во Кавадарци и пошироко Alexandria, каде го запознава еден од најреномираните градски ди-џеј, Dj Freak којшто му помага при селектирањето и доловувањето на електронскиот звук во неговите сетови, и има големо влијание во неговото понатамошно музичко експриментирање.

M.Г. Како започна со DJ-ството?

– Со Dj-ството започнав спонтано, почнав по роденденските забаваи на моите другари и пријатели, и подоцно го имав првиот јавен настап во поранешно moon café во 2003 година.

М.Г. Зошто баш БУЛИ?
– Тоа е мој надимак уште од моето основно школо и некако dj buli дојде спонтано.

М.Г. Од кои DJ-и имавте влијание кога започнавте со ова, а кои го оформуваат вашиот стил денес?

– Најнапред слушав артисти како Fatboy Slim, Chemical Brothers, Prodigy, Atb, Armin Van Helden, Mambers Of Mayday, Faithless, Music Instructor , исто така и Dj Frеак нашиот сограѓанин има големо влијание во мојта кариера. Мојот стил на музика е претежно House со принеmи на Electro, Progressive и Vocаl.

М.Г. Кој е најдобриот дел од животот на еден DJ?

– Јас мислам дека кај сите dj тоа е различно, секој има сопствени цели идеи и амбиции. Јас мислам дека периодот од 26 до 40 години е вистинскот период кај сите dj.

М.Г. A кој би бил најлошиот дел?

– Тука немам одговор

М.Г. Кој би сакале да се најде до тебе на сцена – со кој би сакале да настапувате?

– Со Fatboy Slim

М.Г. Која Ви е најомилената трака кој често сакате да ја вртите?

– Ги има повеќе но трака што најчесто ја пуштам е Faithless – Insomnia, во последно време најчесто ја пуштам Roul & Doors – Trinidad (Original Mix).

М.Г. Кој настап е твојот најдобар до сега?

– Има повеќе настани кои се во моето сеќавање на кои имало супер журка во поново време можам да го издвојам настапот во DISKOTEQUE “CARLI -STILL” во Крива Паланка беше топ жукра.

М.Г. Сега малку за прославата по повод твојот јубилеј оваа недела, кој се ќе гостува?

– Dj Freak , Dj Lucky, Dj Peca, Dj Face, Pere Melov (Trumpet), Riste Dimitrov (Electric Guitar), а водител ке биде Димитар Коцевски

М.Г. Дали и после јубилејот DJ Buli продолжува со работа во исто темпо?

– Секако со уште поголем мотив и позитивна енергија

М.Г. Кои се вашите планови за во иднина, останувате тука или и вие како и сите млади сонувате за живот надвор од нашите граници?

– Сега за сега останувам во Македонија а за понатаму ќе видеме времето ќе покаже

М.Г. И за крај, Вашата порака за идните DJ-и ?

– Да не се откажуваат, да бидат трпеливи и да веруваат во себе и пред се да ја сакаат музикат
 

 

Dj Buli (Aleksandar Trenchev) by Aleksandar Trenchev – Dj Buli on Mixcloud

 

 

 

 

Оставете коментар