Интервју со Александар Златев – DJ, голман и член на “источната” трибина

КАМКА ПОПОВА: За оние што не ве познаваат, што би кажале за себе, кој е Александар, со што се занимава?

АЛЕКСАНДАР ЗЛАТЕВ: Освен со музиката се занимавам и со спорт. Тренирам фудбал во академијата “Шиков-Пандев”, играм на позицијата голман и тоа е тоа.

К.П: Како започна со DJ-ството?

А.З: Уште од мал открив дека имам некакви симпатии кон музиката. Па како созревав така открив што сакам да слушам и со каков вид на музика да се занимавам професионално. И се одлучив баш за ДЈ-ството.

К.П: Од кои DJ-и имавте влијание кога започнавте со ова, а кои го оформуваат вашиот стил денес?

А.З: Па има повеќе познати на кои им се восхитувам и земам мотив. Некакво влијание немам од никој друг Дј, сето што го правам е мој вкус. Но сепак омилени ми се Carl Cox, Tiesto, Martin Garrix и некои други кои се момалку познати во овој имагинариум на музиката.

К.П:  Под кој (код) се претставуваш пред публиката)?

А.З: Името ми е Дј Оптик, кум ми е Велко Дојовски (Жеки), кој доста ми помага. Може да се рече дека наводно Велко ми е и како ментор, и еве ја користам оваа прилика да испратам еден поздрав до него и јавно да му се заблагодарам. Името Оптик… Па видите, парчињата музика кои ги одбирам за моите миксови, (ќе употребам јазик на на луѓето кои се занимаваат со музика како мене или јазик на ДЈ), возат како оптичка илузија.

К.П: Кој е најдобриот дел од животот на еден DJ?

А.З: Па најдоброто од еден Дј е кога од вашата музичка кујна ќе излезе нешто навистина добро кое ќе предизвика големи овации како што доживеале големите мајстори од овој вид на музика. Полните стадиони и спортски арени, каде има десетици илјади луѓе публика. Тоа е голем наплив на енергија. Во тие моменти вие сте единствениот тој кој ја движи таа енергија. Вие сте “Бог“. Во такви моменти вие сте волжебник и ги хипнотизирате со своите музички ноти и тие ве следат и се движат по нив.

К.П: Која ти е најомилената трака кој често сакате да ја вртите?

А.З: Па има доста, но почесто сакам да ја вртам BREACH-JACK, Disclosure – F For You.

К.П: Кои се вашите планови за во иднина, останувате тука или и вие како и сите млади сонувате за живот надвор од нашите граници?

А.З: Па моментално немам некои планови сега зошто уште сум ученик во Средното општинско училиште, но здравје нека е ако ми се пружи прилика би заминал од нашите граници.

К.П: На ова прашање ќе ви поставам едно потпрашање и ако може краток одговор. Зошто би заминале надвор од државава, што е она што ги тера младите да се иселуваат од неа?

А.З: За да си обезбедам подобри услови на живот, кои кај нас во моментот ги нема.

К.П: Што имате да кажете за состојбата во фудбалот во Кавадарци? Каде тренирате, каде ги играте вашите фудбалски натпревари? Какви се условите? Што мислите како би се подобрила состојбата во фудбалот во Кавадарци?

А.З: Моменталната состојба во фудбалот во Кавадарци е на најниско можно ниво, што може да биде.Тренирам во академијата “Шиков-Пандев”. Тренираме на спортскиот цетнар “Јасмин” а натпреварите ги играме во село Марена. Само по ова шетање можете да ја увидите состојбата на фудбалот во нашиот град. Условите се на едно ниско ниво, но се надеваме на подобро. Состојбата на фудбалот би се подобрила со подобра организираност и вклученост од страна на бизнис секторот во Кавадарци. Но секако и со соодветни инвестици и анажираност на локалната самоуправа. Во Кавадарци има големи фирми, шпедиции и градежни компании кои доколку сакаат можат да направат клуб кој би се натпреварувал и на меѓународен план. Стадионот е во најкатастрофалната состојба. Трибината половина е веќе урната. Може да се случи, во иднина кога ќе одите на натпревар да не најдете трибина туку само рушевина.

К.П: Дали сте дел од навивачката група “Лозари”?

А.З: Да дел сум од навивачката група “ЛОЗАРИ” и еве сакам јавно да испратам еден да испратам еден поздрав до моите браќа од трибина ИСТОК.

К.П:  Како ви се допаѓа соработката на навивачката група Лозари со здружението на граѓани “Проект Еу”?

А.З: Добро е што некој сепак во нас гледа добри момци и сака да им го покаже истото и на другите во градот. Како навивачка група и го заслужуваме тој епитет. Сме правеле и хуманитарни акции, сме организирале и турнири во фудбал, сме фарбале и спортски игралишта, сме правеле и крводарителски акции, и на крај секогаш сме биле оние лошите. Ова е прва соработка од ваков карактер, каде преку дружба се учат некои нови работи и сакаме да продолжи ваквата соработка и во иднина. А со самите вакви настани, воедно и ќе им покажеме на останатите граѓани во Кавадарци дека зборовите: хулигани, деликвенти не ни припаѓаат нам како на навивачка група.

К.П: Што е побитно, талентот или напорната работа? Кои се желбите кон оваа професија?

А.З: Па пред се треба да се има добра воља и треба да се биде многу упорен и се ќе си дојде на свое место.

К.П: Од каде црпите инспирација при правењето музика, што ве мотивира и ја распламнува вашата фантазија?

А.З: Желбата и љубовта кон музиката, ми дава доволна инспирација да седнам и да создавам.

К.П: Како за крај некоја порака до нашите читатели? Воедно ти благодарам за времето кое го одвои за ова интервју за нашиот портал – ние ти посакуваме среќа и успех!

А.З: Слушнете ги моите траки. Ако се за пофалба… нормално пофалетеме. Но ако се за критика… најнормално немојте да ме критикувате. (мала шала) Секако дајте и критика. Ви благодарам вам како портал што сепак има некој кој ги следи тековите на младите и на повозрасните на ова кавадаречко општество.

Оставете коментар