Innos D6000: Телефон со две батерии

Наречен Innos D6000, телефонот комбинира две батерии (внатрешна од 2,500 милиампер часови и надворешна која лесно се поврзува од 3,500 милиампер часови), со што добива рекордни 6,000 милиампер часови. Телефонот и дава приоритет на интерната батерија, со тоа што самиот софтвер знае веднаш да се префрли на надворешната кога ќе се испразни примарната. Со овој капацитет, телефонот би издржувал и до неколку денови (можеби и цела недела) со само едно полнење.
Уште една интересна спецификација е што телефонот е првиот со Type-C MicroUSB порт (симетричен), односно можете да го вметнете од било која страна во уредот – нема повеќе нервози за горна или долна страна. Компанијата тврди дека на двете батерии им се потребни само 2 часа за целосно да се наполнат, што е навистина брзо.
Останатите спецификации се 5,2 инчен екран со FullHD резолуција, octa-core Snapdragon 615 со 64-битна архитектура и 2GB RAM меморија. Камерата на задната страна е со резолуција од 16 мегапиксели и OmniVision леќа, а на предната страна се наоѓа 5 мегапикселна камера.
Уредот работи на Android 4.4.4 KitKat, а цената ќе биде околу 250 евра.

Оставете коментар