IKEA вградува безжични полначи во мебелот

Компанијата е во партнерство со Qi, а заеднички произведуваат колекција на мебел со вградени делови за безжично полнење (сликата погоре). Овие делови се директно интегрирани во мебелот, но компанијата исто така ќе ги произведува самостојно за оние кои веќе имаат слична маса/биро, за да може самите потоа да ги вградат.
IKEA за првпат ја претстави својата Home Smart колекција на MWC (Mobile World Congress) во Барселона оваа недела. Мебелот ќе користи Qi технологија, водечката компанија и стандарди кога станува збор за безжично полнење.
Овој вид на мебел ќе започне да се продава кон средината на идниот месец во Европа и Северна Америка. Меѓу компатабилните телефони се Samsung Galaxy серијата, Google Nexus 6 и сите останати кои поддржуваат Qi полнач. Во моментот, моделите на iPhone не се поддржани.

Оставете коментар