Хуманитарна акција на навивачката група „Лозари Исток“ за помош на населението на Србија и БиХ

Во текот на утрешниот ден (понеделник) членовите на навивачката група ќе посетат дел од локалните кавадаречки фирми и ќе поднесат барање за соодветна помош. Ќе бидат опфатени сите дисконти, маркети кои би донирале храна и средства за хигиена, ќе бидат посетени земјоделските аптеки од каде би се побарало гумени чизми, лепаци, скалпери, вреќи и останати фирми кои би се вклучиле во донацијата!

Акцијата за донирање на алишта, вода, ќебиња, средства за лична хигиена и храна е закажана за во вторник, 20 мај. Единствениот хуманитарен пункт ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци во периодот од 9 часот до 19 часот.

Направете добро дело и вклучете се во акцијата и помогнете им на оние кои им е помошта најнеопходна. 

Оставете коментар