Холандската амбасада “покажа заби” на написите на „Вечер“

 Реакцијата на холандската амбасада ви ја пренесуваме подолу во целост, додека текстот на „Вечер“ со наслов „Холандската амбасада финансира опозиција и создавање парадржавни системи во Македонија“

-Кралството Холандија долго време е поддржувач на Македонија и остануваме посветени на евроинтеграциите на земјата. За таа цел низ минатите години, како еден од најголемите билатерални донатори на Македонија, Холандија обезбеди повеќе од 200 милиони евра во грантови. Од нив, 95 милиони евра претставувале директна поддршка на националниот буџет на државата Македонија.

Повеќе од 30 милиони евра се донирани за развојот на приватниот сектор со специјален фокус на претприемништвото и малите и средни претпријатија.

Повеќе од 23 милиони евра претставувале контрибуција на Холандската агенција за промоција на надворешна трговија преку разни трговски инструменти достапни за македонските компании. 40 милиони евра се инвестирани во подобрување на образовниот систем во Македонија, вклучувајќи 10 милиони евра за модернизација на образованието и 2 милиони евра за еднакви образовни можности за ромските деца. Холандија беше и еден од главните основачи и поддржувачи на основањето на Универзитетот на Југоистична Европа.

Холандија е и еден од константните поддржувачи на културниот сектор во Македонија, донирајќи за зајакнувањето на културните програми на општините како Битола, Кратово, Велес, Маврово и Ростуша и Дебар. Првата танцувачка академија во земјава е формирана во директна соработка со академијата од Ротердам. Холандија поддржувала и значајни културни настани во земјава како Манаки Филм Фестивалот, Галичка свадба и Скопје денс фестивал.

Амбасадата никогаш не донирала за ниедни активности на невладината организација „Разбуди се“. 

Што се однесува до процесот на селекција на проекти од програмата за медиуми од повикот отворен во Ноември 2013, уште еднаш би сакале да го истакнеме следното:

„Извештајот за напредок од 2013 година прави неколку референци во однос на состојбата со медиумите, а заштита на слободата на изразување во медиумите е една од клучните области кои се во фокусот на Дијалогот на високо ниво помеѓу ЕУ и Македонија претставен во Март 2012 година. Македонската влада, исто така, самата го идентификуваше „зајакнувањето на етичките и професионални стандарди во новинарството“ како цел во тој дијалог.

Усогласувајќи ги овие приоритети со своите приоритети во надворешната политика, Холандија одлучи дел од својот буџет за билатерална помош во наредните две години да го посвети на медиумите како тема со цел дополнително да го поддржи развојот на професионални стандарди во областа на медиумите и и понатаму да ја промовира слободата на изразување.

Во духот на транспарентноста, амбасадата ги обезбедува сите инфорамции врзани за претходните и актуелните донаторски активности, истовремено и до македонската влада и до пошироката јавност. Детали за овие активности можат да се најдат и на веб страницата на амбасадата, а деталите за проектите поддржани во рамки на фондот за медиуми ќе бидат исто така објавени на страницата во моментот кога амбасадата ќе ги формализира одлуките со договори, пишува во соопштението.

Написите на „Вечер“ ги пренесоа телевизиите Алфа, Канал5, Сител, како и порталите Курир, Точка, Нетпрес и Евести. 

Leave a Reply