Хемороиди во македонското општество

пишува Кире Бебеџаков

1. Чаршиски муабети. Мала група од македонски граѓани “свршувале” на Путин, и тоа два пати на ден. Е арно де, фино од нив. Кога е здравје у прашање, тогаш вакви терапии ваљда се добредојдени. А можеби и препишани од “матичниот”. Али тоа е најверојатно некој кружен процес. Од кај да знаеме, можеби Путин пак, го “мава” на Меркелица? Нели, и тој е само обичен човек, од крв и месо, а и си има и свои потреби на празнење на вишокот течности од организмот. Е, за разлика од Владе Русинот, празнењето на македонецот оди малку оттешко. Причината и изговорот го бара во длабоката депресија. Не од друго, од репресија. Милион и кусур препишани рецепти од матичните лекари за антидепресиви за краток период само ја отсликува тажната и мрачна состојба на целокупниот македонски простор, на паметот и разумот. @ДркаЏоХемороид

2.Фериде, Мериде, Малечката невеста. Чекај малку…невестата била малечка? А што бара да се мажи ако е малечка бре? Ваквата тв програма под итно треба да биде забранета посебно за мали деца, излапени пензионери и лица со слабо срце и нерви. Значи, СИТЕ! Па што сме бре ние? СТОКА? За стоката, некој некаде спомена дека доколку на магаре му се обратите со “слушај, коњу еден”, ќе се навреди. Токму така, ќе забрбори магарето, ќе почне да праи фаци, ќе мрда со опашот…Па и едно јагне пред колење знае да чувствува, трепери и дава отпор. Ех мајката, баш во тој контекст се прашувам: до каде е лимитот на газење на достоинството на Македонецот? Се плашам дека навистина одлучно е решен да ги фати на кондиција овие недоветниве! Нека е со лесно. @ИспранМозокХемороид

3.И покрај сите изедени трици, Миленко никогаш ама баш никогаш нема да биде ништо повеќе од двонеделно собиран шлајм исфрлен од петни жили. Фашизоидното ругање на бескруполозно примитивен и неандреталски начин со фрлање “коска за глодање” во јавноста со изгравирано име на тип како Фрчко, едноставно НО ПАСАРАН. Не може бре постојано да се оцрнуваат, критикуваат и линчуваат граѓаните на Република Македонија кои имаат директна и огромна заслуга во формирањето на Уставот на Република Македонија. Алоо, УСТАВ! Уставот на кој Миленко и неговата “новинарска” багра се повикуваат во одредени “моменти” кога им фури ладно ветре низ анусниот отвор. Притоа, преправајќи се и умилкувајќи се демек како големо фраерче кај своите претпоставени. Еве малку ретро, и ако го види некој во скоро време нека го потсети: “Уаааааа”, “Стоко една”, “Ѓубре”, “Продадена душа”, се само дел од многубројните “благи” комплименти кои граѓаните од општина Кавадарци му ги “испукаа” в лице на оваа владина марионета во месец ноември 2010 година кога граѓаните протестираа на градскиот плоштад “МАРШАЛ ТИТО” по повод собирот за медиумска слобода на А1 телевизија. Да се знае! Соблечениот опинок не ги поместува работите од тежиштето доколку под кондурите имате залепено два килограми кал. @Работна(ДЕ)ВизаХемороид

4.Законот за хонорари е смислен од владин “експерт” додека клечел над вц шољата по голема нужда и тоа во моментот кога приметил дека на дофат нема чиста тоалетна хартија. Се присетило момчето дека причината за тоа е оддамна испразнетиот буџет на државата која ја води. Се подзамислил дали да посегне по еднаш веќе употребената тоалетна хартија од кантата за отпадоци и да ја реискористи од обратната страна, или да им удри на своите граѓани еден нов ад-хок закон за хонорарци. Се мислел, думал, мислел, думал…И пресекол. Едно финансиско “дупење” на сиромавиот маедонец и на граѓанскиот (каков-таков) сектор се сламка за спас и ситно пролонгирање за зачувување на своето дупе уште ден-два во својата фотеља. Притоа од овој закон се изземени целните групи на кои власта може да смета на нивниот глас и на наредните приватни избори се до 3574 година. @ПатриотХемороид

5.Забележани се вуду-кукли како месечарат по улицата “Илинденска” во главниот град на Република Македонија. Некои извори велат дека се доселени од Африка, некои од Австралија, а некои информации одат до таму дека се реинкарнација на некои македонските патриоти. Дилема не смее да има. Владата со сите сили се впушти во мисија на решавање на мистеријата. Хистеријата од мистеријата ќе биде разрешена како и листеријата. Велат дека тоа нема да им претставува апсолутна никаква пречка во останатите секојдневни обврски како што се во континуитет изречените казнени мерки за граѓаните, скандалозниот закон за хонорарците, законот за боледување при бременост, законот за звончиња на велосипедите… Исто така упатија и апел до целата македонштина, ич да не се секира. Велат, народот доволно се глодаше меѓусебе. Сега ете официјално почнаа сезоната на глодање меѓу провладините кербери! @АвАвШаркоЛаеХемороид

6.Стевче, Стевче, Стевче…Вака ли бре Карпош ќе биде Европска општина? Со другар ти Маринко? Дај не дупи човече. Ако ти е досаден сопствениот живот, немој да им го труеш и загорчуваш на ближните. За ”удри бригу на весеље” не е ниту време ниту место. Верувај, за твоја лична сатисфакција и лечење на комплексите од рана возраст, доволно ќе беше и една десетка со кромид “Кај Злате”. Немаше потреба од толку многу “гламур и сензација”. Карпош не е Кавадарци! @ЈаНемамГдеХемороид

7.Република Македонија и официјално го зазема приматот за земја со најголем број на АНАЛитичари по глава на жител. Критериумите за оваа професија се драстично различни од грото источно-западно европски земји, али енормно голем мерак за шарска плескавица со 200 грама исецкан ајдамер е и повеќе од доволен предуслов за влез во ова напатено друштво. Определбата (лева, десна, центар, крило…) не е ниту битна а ниту постојана. Само да дувне ветрето развигорче. @АНАЛитичарХемороид

Оставете коментар