Нatebook: нова не-друштвена мрежа

Новата друштвена мрежа, која во суштина и не е баш друштвена, како основачите што сакаат да кажат, Hatebook им овозможува на корисниците јавно да се мразат и се што инаку мразат да го искажат јавно. Ако нешто ве изнервира, имате проблем со тоа некого да слушате или гледате, тогаш Hatebook е вистинско место тоа да го обелодените.

Регистрирајте се и почнете да кликате хејтови, едноставно е. Hatebook ги поврзува хејтерите ширум светот, а на основа на вашата адреса, ќе ви покаже каде во околината има Хејтери и кога истите хејтаат.

На оваа мрежа може да пишувате и трачеви, да прикачувате фотографии од нешто што ве нервира, да им пишувате на другите корисници, и во суштина да правите слични нешта што секојдневно ги правите на Facebook и другите друштвени мрежа, со таа разлика што тука се поврзуваат луѓе со различни и поинакви сфаќања.

 

 

Оставете коментар