Ѓунер Исмаил му пишува на Орхан Памук – Знаете ли дека награда ќе Ви врачи македонскиот Лукашенко?

„Почитуван Орхан Памук,

Како што слушаме денеска во Скопје, Македонија, од рацете на овдешниот, сакате Орбан, сакате Лукашенко, или (додадете слободно кого сакате)…значи налик на нив, ќе примате, нешто како награда!!!

Состојбите во Македонија денес се, ако сакате споредба, слични на состојбите во Белорусија, Унгарија можеби, а најверојатно најмногу на Северна Кореја. За овие состојби, можеби нема да ви се допаднат употребените изрази, најзаслужен е и на неговото чело стои човекот кој за себе вели дека е Прв Министер (премиер), односно човекот кој што вечерва ќе Ве награди.

Можеби не знаевте, или пак погрешно Ве информирале, ама немојте да се изненадите ако наскоро преку пошта ги добиете книгите кои на овдешната јавност многу и се допаѓаат.

Сепак, претпоставувам дека немавте сознанија што е ОВА ОВДЕ, како е овде и во какви околности Ние живееме (се извинувам за употребата на голема буква за ова Ние). Јас ова не Ви го пишувам како Турчин, туку како некој кој во оваа земја ги живее сите тегобности на една диктатура. Извинувајќи Ви се, почит и поздрав,

Ѓунер Исмаил Министер за култура на Република Македонија 1992-1995“

Оставете коментар