Граѓанската иницијатива “8-ми Септември“ на трибина во Кавадарци

Граѓанската иницијатива 8-ми Септември, верува и ги застапува следните агенди.

 

Граѓанската иницијатива “8-ми Септември“ се залага за минимален достоинствен приход за социјално загрозените семејства.

1) Владата да ги преземе долговите и плаќањето на сметките за електрична енергија на социјално загрозените граѓани, а локалните власти обврските за сметките за вода и комуналии.

 

2) Ослободување од партиципација за здравствени услуги на социјално загрозените граѓани.

 

 


3) Да се зголеми социјалната помош.

 

 


4) Бесплатен јавен превоз за членовите на социјално загрозените семејства.

 

5) Бесплатно сместување за ученици и студенти од социјално загрозените семејства.

 

6) Полесен пристап до времени вработувања во студентски мензи, библиотеки, домови, туристички бироа за студентите од социјално загрозените семејства.

 

Оставете коментар