Градоначалникот Александар Панов ги прави “ренде” своите сопартијци од ДПМНЕ

Одекна и кавадаречката бомба и расчисти многу нејаснотии кои сега се кристално јасни. Опозицијата ја објави својата најнова бомба во која се објавени разговори на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов со дел од македонските властодршци тирани.

Јанакиески и Панов разговараат за долгот кон лозарите кој е настанат со продажбата на винаријата “Винеа”, поради што лозарите излегоа на протести. Панов реагира за изборот за советничката листа на неговата ВМРО-ДПМНЕ. велејќи „Не е убава“ листата како и критикувајќи дел од сопартијците со кои сега се дел од кавадаречкиот совет.

Разговор помеѓу Миле Jанакиески и Александар Панов

МЈ: Ало
АП: Ало
МЈ: Е?
АП: Еве сум..
МЈ: Каде е блокиран патот Велес
АП: Росоман е блокиран патот..
МЈ: Росоман е патот блокиран
АП: И више наваки преку Неготино фаќј
МЈ: Преку Неготино вика Александар да одиме
АП: Да, да
МЈ: А кој го блокира патот?
АП: Лозарите, лозарите…нели Винеја се продади, арно ама денеска му се донеси одлука од судот за поништување на таа одлука, така да..
МЈ: За која одлука ?
АП: Одлука за продажба на Винеја винаријата
МЈ: А зошто се бунеа?
АП: Па се бунат затоа шо а продадоа под цена и со тоа нема пари да го намират они…лозарите да бидат намирени, 600 илијади евра се кусо
МЈ: А сега кој чоек го..
АП: Па сега обеќа овој газдата дека он ќе си ја…ќе земе кредит и ќе си ја врате повторно назад Винеја и ќе ги признае обврските
МЈ: Тоа шанси нема
АП: Па сеа ете го чекат газдата, тоа е работа
МЈ: Од Кај е?
АП: Го чекат газдата на Винеја да дојде
МЈ: Кој е тој бе?
АП: Од Велес..од незнам каде е, мислам од Велес е по родум
МЈ: Кажи ми сега, ме интересира кај е блокирано, знаеш?
АП: Росоман ааа клучката
МЈ: Кај е блокиран
АП: На бензинската пумпа тука каа се врте на ки Кавадарци
МЈ: Кај е блокирано Александар ?
АП: Таму е блокирано…бензинската пумпа на Росоман
МЈ: Бензинската пумпа кај Росоман, кај клучката
АП: Накај Кавадарци кај шо се врте
МЈ: Накај Кавадарци
АП: Не, не…само преку Неготино продолжите
МЈ: Добро
АП: Е така
МЈ: Чекај сега..ааа…одам на Општински комитет..
АП: Идам и јас таму
МЈ: Како стои сега, реално кажи ми
АП: Да
МЈ: Како е реално кажи
АП: Не е убаво ништо
МЈ: Е кажи ми
АП: Не е убаво…унија на жени не е застапена, унијата на млади сили…не знајме кое место ќе и го дадат, претседателот на советот..
МЈ: Претседател на советот му дале
АП: Му дале 10-то место..
МЈ: Кој е претседател на совет?
АП: Тренчев Илија
МЈ: Немам многу симпатии кон него
АП: Како?
МЈ: Немам многу симпатии кон него
АП: Не, не ок е тоа, меѓутоа виа шо ги наместија ептен за никаде се
МЈ: Ти кога би правел листа, кого би го ставил на црна листа?
АП: Па незнам, носител..можеби претседателот на унија на млади сили
МЈ: Кој е тој?
АП: Слободан Ивановски од заменик градоначалник ми е мене и претседател на унија на млади сили
МЈ: Кај е тој сега?
АП: Влече младина..
МЈ: Аха
АП: Има и Перо Бојков е добар ама он несакаше човекот, он самиот одбива
МЈ: Зошто не сака бе?
АП:Не сака стар е, он е шеесет и пет-шест години
МЈ: А оти да не сака?
АП: Па не сака..така он човекот е повеќе стручњак отколку шо е политичар
МЈ: Да напраам список?
АП: Незнам дали и сеа ќе дојде на состанокот, незнам..
МЈ: Ако не дојде на состанокот ќе му се јавам
АП: Добро..
МЈ: А бе за Зоран Јованчев што мислиш?
АП: А бе и он е некое трето решение виче ако неможат виа друзите
МЈ: А Звонко Бошков?
АП: Никако, он четири ипол илјади гласа фана како кандидат за градоначалник…ќе бидел сеа носител
МЈ: А кога беше..
АП: Па беше, пред мене беше со Панчо Минов беше кандидат за градоначалник…нема човекот сеа знаиш како…неможиш ти да испадниш у кампања и да му се смеиш на луѓето сеа…а пред тоа на никој здраво не му викаш
МЈ: Кажи ми уште нешто забелешка сеа кажи ми
АП: Забелешка па незнам сеа…таму, таму има луѓе кои шо е таа шо е секретар шо му беше порано на вмро народна Паламинова…нема никаов, нема ништо у партијата, никаков придонес и ја стават у листата
МЈ: Која е таа?
АП: Паламидова Ленча
МЈ: Да не придонела во народна да ги одвлечи
АП: Ами таа а барат и Горица а барат и сеа таа си ја местат
МЈ: А зошто е тоа, шо е работа?
АП: Е шо е, не знам јас шо е сеа…не ја бива, месните комитети
МЈ: А која ти е тебе таа роднина…
АП: Која роднина?
MJ: Унија на жени да не ти е некоја роднина?
АП: А бе никаква роднина, каква роднина..немам ниедна роднина таму.

{facebookpopup}

Оставете коментар