(Видео) Зошто градоначалникот Александар Панов не присуствува на седниците на совет на општина Кавадарци?

Советниците од опозицијата во советот на општина Кавадарци го обвинуваат градоначалникот Александар Панов дека со своето отсуство на неколку по ред седници на советот бега од своите одговорности спрема граѓаните и целокупната јавност.

На претпоследната седница (исто така не беше присутен градоначалникот) советникот од опозицијата, Горан Белевски, на почетокот на седницата побара да дојде и присуствува градоначалникот. Белевски побара од службите да го повикат Панов, а доколку тој не е во можност да присуствува тогаш да дојде неговиот заменик, секретарот.

Претседателката на совет Горица Пеливанова Вилхелм ги извести службите да го повикаат градоначалникот и да дојде на седницата бидејќи не најавил негово отсуство. Откако се испостави дека тој бил на службен пат, претседателката на совет ја продолжи седницата и истакна дека градоначалникот немал обврска да присуствува на седниците.

Советникот Белевски побара збор и од говорница се повика на деловникот на работа на советот на општина Кавадарци каде јасно и прецизно се вели дека градоначалникот има право и должност да присуствува на седниците на совет на општина Кавадарци.

“Очигледно е дека градоначалникот бега и од јавноста и од советниците и не може да се ссоочи со критиките, и не само право туку има и должност да присуствува на седниците на совет. Според деловникот на работа во член.180 стои дека градоначалникот има право и должност да присуствува и учествува во работата на седниците на советот на општина Кавадарци. Член.181, став.1 вели дека градоначалникот има право да определи свои претставници за седници на совет како и за комисиите.” – додаде Белевски.

Советот на општина Кавадарци е највисок орган каде преку неговите седници директно се крерираат и донесуваат сите значајни одлуки и политики кои се од големо значење за граѓаните на општината. Енигмата останува,  како и неодговорените прашања. Зошто градоначалникот Александар Панов не присуствува на седниците на совет и што значи тоа “службен пат”?

Leave a Reply