Гори претседателската палата во Рига

Портапролот на противпожарната служба во Рига, Викторија Шембеле, соопшти дека по неколкучасовна борба пожарникарите утрово успеале да го локализираат огнот.
Според Шембеле, при пожарот е повреден еден пожарникар.

Огнената стихија уништила околу 3.200 метри кавдратни од Претседателската палата, при што се оштетени и експонати во Националниот историски музеј, кој е сместен во дворецот.
Причините за пожарот засега не се познати.
Поради реконструкција на палатата, која започна лани во октомври, кабинетот и резиденцијата на летонскиот претседател Андрис Берзинш времено се пренесени на друга локација.

Оставете коментар