Генералниот директор на “Дрекслмаер” ќе седне на обвинителната клупа!

Еден од креаторите на лошиот глас за условите под кои работат вработените во “Дрекселмаер” – Ѓорѓи Тренковски, каде е десна рака на првиот човек во фирмата, одново ќе се најде на обвинителна клупа, пренесева Глобус. И тоа за случај во кој еднаш беше ослободен!

Во последно време се споменува како еден од одговорните во фирмата која е на лош глас за условите под кои работат вработените во “Дрекселмаер”. Ѓорѓи Тренковски одново ќе се најде на обвинителна клупа. И тоа за случај во кој еднаш беше ослободен!

Екс директорот на Фондот за здравство, Ѓорѓи Тренковски кој извесно време беше и во притвор со обвинение дека ја злоупотребил службената должност ќе мора пак да седне во судница. Како што информираа од Основниот суд Скопје 1, Советот на Апелациониот суд – Скопје по јавно одржана седница донел пресуда (КЖ-636/14) со која ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство, а кривичниот предмет се враќа на повторно судење пред првостепениот суд.

“Советот на Апелациониот суд – Скопје по јавно одржана седница донел пресуда КЖ-636/14 со која ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство, а кривичниот предмет се враќа на повторно судење пред првостепениот суд. Претходно Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со одлука К.бр 1625/13 ги ослободи обвинетите Ѓорѓи Тренковски и Весна Огненовска, бидејќи делата за кои се обвинети не се кривични дела според Законот, додека оштетениот Фонд за здравствено осигурување на Р.Македонија, имотно-правното барање може да го остварува во спор”, стоеше во соопштението на Основниот суд.

Да се потсетиме, Тренковски, беше притворен во ноември 2009 година, поради обвинение за двојно плаќање на фактури. Уште тогаш имаше шепотења дека тоа власта му се свети заради тоа што “доволно не соработувал” и најбогатиот фонд во земјата не го направил доволно “кооперативен”.

Судскиот процес почна во декември 2010 година, а во 2012 година доби ослободителна пресуда. Оваа пресуда падна на Апелација, по што, во 2013 година, по втор пат Основниот суд Скопје 1 одлучи да го ослободи од вина. Сега, случајот се враќа по трет пат. Веројатно нашиот систем е еден од ретките во кој ако обвинетиот седне во судница – седнал на рингишпил од кој никогаш не може да се симне и по толку ослободителни пресуди!

Тренковски во својата одбрана тврдеше дека како директор немал должничко – доверителски односи со ниту една аптека и дека тоа било во надлежност на подрачната единица на Фондот за здравство.

Тоа што Тренковски моментално е еден од раководителите на кавадаречката Дрекслермаер се сметаше дека одново влегол “во милост” на државата која со се што може стопи зад овој проект кој вработува 4.000 работници. Дури – иако тој можеби формално зема ниска плата – можеше да се смета дека му се дава некаква морална и финансиска рехабилитација. Ама ова што се сега се случува говори за тоа дека и во власта нема изедначени критериуми кога се работи за кадровската политика.

Извор ГЛОБУС

Оставете коментар