Генерација дипломирани архитекти со изложба во Кавадарци

На кавадаречката јавност во Четвртокот на 25 септември во музеј галеријата во Кавадарци низ изложба и беа презентирани видувањата за нови стамбени објекти, хотели, научни институции, облакодери и рурални средини од страна на дипломирани архитекти, генерација запишани 2006 година на Архитектонскиот факултет – Скопје, УКИМ.

Преку своите педесет дипломски проекти младите ги покажаа своите визии како и идејни решенија кои не оставија никого рамнодушен.
Сите овие проекти беа изложени во музеј галеријата под заеднички наслов ‘”СТАВ”. Изложбата ќе биде отворена до 2 октомври.

 
 

Оставете коментар