ГДОМ – трагачите по “крв и месо” повторно во Кавадарци

Таканареченото приватно владино граѓанско движење за некаква си одбрана на Македонија (ГДОМ), вечерва со почеток од 18 часот во Кавадарци ќе организира таканаречено потпишување на иницијатива за поведување постапка за велепредавство за Зоран Заев, лидерот на опозицијата. Оваа група на сеачи на страв и магла, “патриотски” безрбетници и платеници од државниот буџет кој го полни сиромавиот македонец и кавадарчанец, како апокалипса довјасаа и пред олтарот на општина Кавадарци. Ова е втор пат во период од еден месец овие залутани талкачи и трагачи по “крв и месо” да го посетат градот на виното, оцрнат и да заминат оставајќи црн белег, поцрн од претходниот кој ниту “Билјана” не може да го испере. 

Еден од нивните предводници, Пандов, кој со помош на ГПРС навигационен уред тргнал од Скопје за Кавадарци, вели дека опозицијата го бербатела угледот на Македонија како и угледот на граѓаните.

Во таа насока, токму граѓаните од Кавадарци го прашуваат и Пандов и компанија, кој ќе ги исчисти избербатените траги од лајна што ќе ги остави “Дружината Братско Стебло” кога ќе си заминат вечерва од Кавадарци?

Кaко и минатиот така и овој пат, звонат партиските телефони од изутрина со задолжителни инструкции да се излезе на терен и да се стави потпис на оваа бессрамна иницијатива, посебно административците, оти во спротивно ќе има “летање на пердуви”.

Кавадарчани го осудуваат ова фашистичко движење и децидно ги отфрлаат нивните нарачани партиски политики, како и политиките на “нишај врата земај плата” кои се императив на нивните предводници. И денес, кавадарчани се одлучија да седат во своите топли домови, со надеж дека јавачите на апокалипсата ќе си заминат без да остават посериозни последици.

Оставете коментар