Галеријата на кавадаречките херои оставена во (не)милост на локалните “патриоти”

Спомен костурницата во Кавадарци се наоѓа на надморска височина од 305 метри и претставува вистинска панорама која изобилува со неверојатна глетка. Се простира во склоп на градскиот парк кој без размислување би рекле дека ги претставува белите дробови на кавадарчани.

Според истражувањата се смета дека е изградена на 7 Септември 1976 год. и е дело на професор на архитектонски факултет – Скопје, Петар Муличковски.
Може да се потврди богатството на овој објект покрај многумината историчари на уметност кои забележале дека: “Во делата на Муличковски посебно се карактеристични објектите кои поседуваат чист и јасен архитектонски израз на конструктивизмот и новиот брутализам. Едниот направен од метал, бетон и стакло со “ѕидна завеса” и другиот во натур-бетон како оригинален претставник на новиот брутализам.”

Овој прекрасен објект симболизира стара македонска куќа во која долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во долниот дел се влегува преку двете железни врати (јужната и северната) на кој се претставени гроздови.

 

Во средишниот дел постојат скалила во висина од 12 метри кои водат нагоре се до врвот на куќата кој претставува инспирација од охридска куќа. Скалите поминуваат низ два спрата кои асоцираат на чардаци но сепак симболизираат прозорци. Костурницата е изработена од бетонски зидови со дебелина од 3 метри.

Овој објект претставува претставува вечен дом на ладните борци.Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци од Кавадарци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945год. Нејзината внатрешност е исполнета и испишана со имињата на 328 борци на околу дваесетина мермерни плочи односно тоа се нарекува –галерија на хероите. 

 

За жал, за овој објект и неговата уметност која ја има во себе никој не чувствува грижа и обврска дека мора неизмерно да се чува бидејќи има непроценлива историска вредност. Доколку овој објект се решите да го посетите, немојте да се исплашите и вчудоневидете колку кај нас е “зголемена„ човечката свест. Затоа ние сме тука за да ве ПРЕДУПРЕДИМЕ. Во прилог се само неколку од многуте фотографии кои ја доловуваат вистинската состојба на овој споменик:

 

Меѓутоа и покрај тоа што е доминантен објект во Кавадарци, оние кои не го посетиле, а сакаат, ќе се изненадат кога ќе забележат дека за оваа импозантна градба не постои никаков информативен напис или табла. Покрај тоа што е запуштен, објектот е исто така повеќепати вандализиран со графити, а мермерните плочи како што забележувате се осквернавени со делумно или целосно кршење.Моментално овој објект а воедно и целиот градски парк е доста посетуван и едноставно достапен и за нарко-зависниците и претставува нивно „солидно“ збиралиште. 

Патриотизам е поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема татковината од страна на поединци или групи, област или град.Подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата.

Марк Твен рекол: Патриот е личноста која може да го надвика и најгласниот, без да знае за што всушност се надвикува
Каде сме ние „патриотите“ сега да ја почитуваме историјата???

Скоро сите луѓе можат да истрпат непогода, но ако вистински сакате да го тестирате карактерот на човекот, дајте му моќ. – Абрахам Линколн.

Leave a Reply