Фудбалската академија “Шиков-Пандев” продолжува со добрите резултати

Денес на фудбалското игралиште во с. Марена, Кавадарци, се одигра натпревар во фудбал во првата кадетска лига на Македонија, помеѓу екипата на “Академија Шиков-Пандев” од Кавадарци и екипата на “Борец” од Велес.

Кавадаречките фудбалски надежи го потврдија својот талент и добрата форма и го добија натпреварот со резултат од 3-1. Погодоците за екипата на “Академија Шиков-Пандев” ги постигнаа Ристе Ѓорѓиев, Пане Кузманов и Атанасе Николовски.

За добриот резултат голема заслуга имаше и голманот Александар Златев кој имаше неколку одлични интервенции. После овој натпревар екипата од Кавадарци го завзема 4-тото а екипата на “Борец” од Велес 3-тото место на табелата. 

Оставете коментар