„Фокус“: Граѓаните сѐ помалку и веруваат на Владата, а паѓа и влијанието на телевизиите!

Според резултатите, во вестите на двете најгледани телевизии во Македонија, Сител и Канал 5, кои важат за провладини, најголема доверба имаат 25,5 проценти од граѓаните. Во вестите, пак, на Телма и 24 Вести, кои важат за избалансирани, најмногу доверба имаат 24,5 проценти од граѓаните. На вестите од јавниот радиодифузен сервис МТВ најмногу им веруваат 8,2 проценти од граѓаните, а на вестите од телевизија Алфа најмногу им веруваат 2,3 проценти.

Речиси сите граѓани од албанска националност најмногу им веруваат на вестите од телевизијата Алсат (74 отсто).

Мошне интересни се одговорите од изборно веќе определените граѓани во Македонија околу тоа на вестите на која телевизија најмногу ѝ веруваат. Оние што би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, најмногу доверба имаат во вестите на Сител (38 отсто), на МТВ (16 осто) и во вестите на Канал 5 (14 отсто), додека, пак, тие што би гласале за СДСМ, најмногу доверба имаат во вестите на Телма (42 отсто) и во 24 Вести (32 отсто). Оние што би гласале за ДУИ и за ДПА имаат најголема доверба во вестите на Алсат.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 49 проценти од Македонците и 65 проценти од Албанците се согласуваат со тврдењето дека власта ги корумпира медиумите, додека, пак, 41 процент од Македонците и 29 проценти од Албанците не гледаат вистина во тврдењето дека владата го користи буџетот за корумпирање на медиумите и на новинарите.

Либертас

Оставете коментар