(Видео) Избирачкиот фломастер киксна, се бриши со обична марамица или капка ж’та тиквешка

Дали ни претстои уште една невидена местенка на првиот круг од претседателските избори 2014 година? Имено, по социјалните мрежи веќе кружат безброј видео записи и фотографии од кои јасно се гледа како граѓаните без некоа поголема тешкотија успеале да ја избришат бојата од фломастерот кој се користи за обележување на палецот од гласачите откако ќе го остварат своето право на глас.

Верувале или не, бојата од фломастерот се отсранува со обична влажна марамица, ацетон или капка жолта ракија.

Повеќе погледнете од видеото.

Исто така и на следниот линк е постирано видео на социјална мрежа Фејсбук на кое може да се забележи за (не)квалитетот на избирачкиот процес.

Оставете коментар