Филм за животната сторија на Оријана Фалачи

 

Во филмот со наслов “Оријана”, новинарката по чии интервјуа копнееја најславните политичари и уметници потсетува на нејзиното новинарско гесло дека е подобро да се бориш од колку да победиш.

Меѓу оние кои беа соговорници на нејзините интервјуа, објавувани во печатот низ целиот свет се и Фидел Кастро, Хаиле Селасија, ајатолахот Хомеини, Индира Ганди, Хенри Кисинџер.

 

 

Во војната во Виетнам таа направи серија интервјуа со американските војници и ги објави во книга која, според многумина, го покрена американското јавно мислење против воената интервенција во Виетнам.

Бура предизвика нејзината серија текстови против исламизацијата на Иран по доаѓањето на ајатолахот Хомеини на власт. Исламистите ги налути и по 11 септември 2001 година кога, во последните години од животот се обиде да ги објасни причините за појавата на радикалниот џихад.

Оријана Фалачи и самата беше личност посакувана за интервју. На прашање на колегите од римската Република, дали чувствува некаква тррема или возбуда кога се среќава и разговара со највлијателните личности во светот, таа одговори дека има свој рецепт против тоа. Фалачи рече дека и големите државници и генерали пред да се поздрави со нив ги замислува како “обичночовечки” се напнуваат кога се седнати на клозетска шоља, а со тоа кај неа митот се претвора во обично човечку суштество.

Оријана Фалачи е родена во Фиренца 1929 година, а почина 2006 година.

 

 

Оставете коментар