Филм и книга, најдобрите за оваа година

1. Labor Day – Joyce Maynard (Ден на трудот – Џојс Мајнард)

За што се работи: Во текот на празнувањето на Денот на трудот, еден викенд, во касните осумдесети, животите на 13 годишниот Хенри и неговата очајна мајка Аделе се менуваат кога бегалецот Френк Чемберс доаѓа во нивниот дом. Френк ја заменува татковската фигура на Хенри и го враѓа живтото во Аделе додека полицијата се во потрага по убиецот кој бега. Прекрасна книга со непредвидлив пресврт, и одличен настап на Кејт Винслет како Аделе во филмот.

2. Winter’s Tale – Mark Helprin (Зимска приказна – Марк Хелприн)

За што се работи: Питер, сираче, механичар, се обидува да ограби апартман наМенхатен, каде ја наоѓа Беверли Пен, ќерката на човекот чиј дом сака да го ограби верувајќи дека е празен. Така започнува љубовната врска помеѓу средовечниот Ирец и фаталната млада жена во Њу Јорк. Ако сте во потрага по новела исполнета со фантазија и романса, ова е добро место да започнете. А може да ги замислите Колин Фарел и Џесика Браун Финдли во улога на главните ликови од книгата.

3. A Long Way Down – Nick Hornby (Долг пад – Ник Хорнби)

За што се работи: четворица доаѓаат на кровот од Topper’s House во Лондон вечерта за Нова Година. Topper’s House е позната дестинација за оние кои се спремни да го завршат животот. Приказната во оваа книга е раскажана од четири различни аспекти, исполнети со втори шанси и каење. И покрај тегобниот наслов, книгата балансира помеѓу провокативното и смешното, и е мешавина од напнати и трогателни моменти.

4. Divergent – Veronica Roth (Дивергентни – Вероника Рот)

За што се работи: во дистопиското Чикаго, општеството е поделено во пет секции врз основа на личноста на секој (бестрашни, пријателски, учени, одбивни и искрени). Кога Трис Приот ќе открие дека не припаѓа во ниту една од овие секции, таа е декларирана како Дивергентна, опасно откритие кое таа мора да го чува во тајност за да преживее. Кога ќе започне Церемонијата на избор, Трис мора д аодлучи дали да се приклучи во секцијата на своите родители или да го следи својот пат. Книгата е комплетно волшебна и ќе ве задржи будни се додека не ја завршите. Сите сцени со наптнатост се прекрасно преточени во филмот што ја прави сторијата повозбудлива.

5. The Fault in Our Stars – John Green (Вината во нашите звезди – Џон Грин)

За што се работи: медицинско чудо и овозможило на Хазел да живее уште неколку години, но таа сеуште е темпирана бомба, со дијагностициран карцином во напредна четврта фаза. Во групата за подршка на лицата заболени од карцином, таа се запознава со Аугуст Ватерс, кој го преживеал карциномот, момче кое се преправа дека пуши цигари и има протеза наместо нога. Со заедничка опсесија кон новелата An Imperial Affiction и слично чувство на сарказам, тие се вљубуваат, и покрај непроменливата судбина. Сторијата на Џон Грин е искрена и урнебесна, откривајќи го стравот, гневот и тагата која ја придружува постојаната болест. Книгата е емотивна но филмот е двочеасовно кршење на срцето. 

6. The Hundred – Foot Journey – Richard C. Morais (Патувањето од сто стапки – Ричард Мораис)

За што се работи: кога трагедијата ќе го натера Хасан и неговата фамилија да се иселат од Индија, тие се сместуваат во Лумиер, мал град на франсцуските Алпи. Семејството отвора Индиски ресторан кој станува популарен меѓу населението, што ја иритира французинката – ривал Мадам Малори. Откако ќе се најде во кулинарска војна со семејството, Малори конечно се сложува да го подучува Хасан, водејќи го во Париз се до отворање на негов ресторан. Книгата е инспирирачка, културолошка и прав деликатес за читање. Главната улога во филмот ја има Helen Mirren а како продуценти се јавуваат Oprah Winfrey и Steven Spielberg.

7. The Giver – Lois Lowry (Давачот – Лоис Ловри)

За што се работи: се е совршено, болестите се искоренети, сите се еднакви, и општеството е под контрола. Секој има своја доделена позиција од страна на Заедницата, а 12 годишниот Џонас е избран како “Примач на спомени”. Само “Давачот” ја знае вистината за минатото, и сега мора да ја пренеси на Џонас. Оваа книга често е опишувана како првата дистописка новела која покажува дека утопиското општество има свои маани, како недостатокот на лична слобода. Jeff Bridges и Meryl Streеp го прават филмот високо прифатлив, а Teylor Swift донесува свежина покажувајќи го своите акциски способности.

8. If I Stay – Gayle Forman (Ако останам – Гејл Форман)

За што се работи: приказната ја следи девојката по име Миа, талентиран челист која е дел од страотна сообраќајна несреќа со своето семејство. Миа ја губи свеста и доживува искуство на одделување на духот од телото, при што мора да одлучи дали ќе го напушти болниот живот, или ќе остане и ќе се соочи со реалноста. Книгата е неверојатна, возбудлива, емотивна. Chloe Grace Mortez е фантастичен избор за главната улога во филмот, каде совршено ја доведува приказната во живот.

9. This is Where I Live You – Jonathan Tropper (Овде те оставам – Џонатан Тропер)

За што се работи: таткото на Џуд Фоксман само што уме, и згора не се, неговата жена Џен има афера со неговиот шеф, која неодмна стана јавна. Џуд е присилен да помине седум дена со дисфункционалниот Фоксман клан, соочувајќи се со конфронтации и справувајќи се со стари непријателства. Книгата е неверојатно комична а филмот во кој главните улоги ги имаат Jason Bateman и Tina Fey ќе ве насмее до солзи.

10. Gone Girl – Gilian Flyn (Исчезната девојка или Ејми ја нема – Гилијан Флин)

За што се работи: на 5-тата годишнина на Ник и Ејми таа мистериозно исчезнува. Ник е чудно двосмислен и доказите полека се движат против него, но дали тој навистина ја убил својата жена? Книгата на Гилијан Флин е полна со неизвесност, пресврти и многу емоции. Читателите се поделени во чувствата поврзани со крајот, но целата книга е дефинитивно возбудлива а филмот волшебен.

11. Wild – Cheryl Strayed (Дивина – Шерил Стрејд)

За што се работи: дваесет и нешто годипната Шерли ја изгубила својата мајка и својот брак во краток период. Четири години подоцна, немајќи што да изгуби, таа тргнува на 1100 милји долго пешачење низ Pacific Crest Trail со цел да се справи со катастрофалното минато. Овие искрени мемоари се исполенти со напнатост и хумор, патување кое вреди да се прочита. Reese Witherspoon ја има улогата на Ширли шармирајќи ја публиката.

12. Unbroken – Laura Hillenbran (Нескршливи – Лаура Хиленбранд)

За што се работи: вистинската приказна го следи животот на Лоис Замперини, звезда од триесетите и учесник на Олимпијадата во Берлин. Замперини станува пилот во Втората светска војна и во мај 1943 година, неговиот авион се рушу, оставајќи го него да преживее во Пацифичкиот Океан со ништо освен сплав. Соочувајќи се со глад, опасни води, и ситуација каде е земен како затвореник од страна на Јапонските сили, оваа фасцинатна книга е живописна и моќна. Филмот е во режија на Анџелина Џоли.


 

 

 

 

Оставете коментар