“Фени Индустри” по осми пат се обиде на јавноста да и објасни дека не е загадувач!

Членки на регионалната стопанска комора изминатиот петок беа во посета на комбинатот за производство на фероникел. Целта на посетата беше да се запознаат со техничко технолошкиот процес, со начинот на производство, новите инвестиции како и влијанието на производството кон екологијата.

Инженери за животна средина и металурзи преку видео презентација се обидоа да го објаснат целиот процес на производство. Гостите пак, отворениот ден го искористија и за прошетка низ производствените погони.

За влијанието врз животната средина сведочат неколку секојдневни факти како: драстично зголемен број на заболени лица од рак, оштетени лозови насади, загаден воздух… За да биде иронијата уште поголема, претставници на компанијата на секој отворен ден се задолжени да го презентираат тврдењето дека Фени Индустри е компанија со целосна општествена одговорност и не носи никаква штета кон општина Кавадарци. 

Оставете коментар